Македонец од Швајцарија распали по Македонија: Овде нема спиење по кафаните, овде се работи по цел ден за да го заработиме она што го имаме

Ќе кажат – па сигурно вам ви е лесно. Заработувате одлична плата од 1500 евра месечно, возите убави автомобили, живеете во чисти и зелени средини, вашите деца одат на одмори каде што ќе посакаат, можат да си дозволат скапа и луксузна гардероба, скапи телефони, и се што ќе посакаат.

Но, реалноста е сосема поинаква. Многумина од оние кои живеат во Македонија, мислат дека животот во странство тече како мед и млеко и дека овде ние, што заминавме од нашата татковина сме свои на своето.

Тоа не е само што не е така, туку многумина од оние кои за жал заминаа од својот дом, не само што не уживаат во својот живот, туку работат целодневно за да успеат да го заработат она за кое вие мислите дека е многу лесно да се заработи.

Јас сум дојден во Швајцарија пред 7 години и можам да ви кажам дека животот овде е убав и истиот има многу позитивни работи, но истовремено и негативни.

Кои се позитивните?

Позитивните работи се што како што велат многу мои браќа и сестри од Македонија, ние можеме да си дозволиме да купиме квалитетна храна за семејството, што можеме да им обезбедиме подобро образование, подобро здравство, тоа што живеат во чиста и зелена животна средина со чист воздух, средина во која преовладува културата, средина во која луѓето се цивилизирани и знаат што сакаат да направат за себе и за својот живот.

Да, овде заработуваме по 1500 евра и тоа е навистина огромна предност ако се земе предвид фактот дека во Македонија се зема плата од 250 евра. Предноста овде е што твојот работодавец го цени твојот труд и за истиот си платен онолку колку што треба. Тоа е дополнителна мотивација за работа, која е многу напорна и целодневна.

Но, кои се негативните страни или ајде да кажеме оние на кои македонецот не е навикнат.