Connect with us

Инфо +

Владата бара масер за да биде државен советник

Владата отвори ново работно место. За плата од над 36 илјади денари апликантните треба да исполнуваат посебни услови, како работно искуство од најмалку 16 години.

Но, тоа не е ништо чудно доколку во огласот се бара од личноста што треба да се вработи да има завршено, верувале или не, кинезиологија. Освен тие кои се образувале за да бидат професионални масери, во предвид ќе се земат и апликантите со економски и политички науки.

За да биде појасно за што станува збор кинезилогоијата е наука за движење на човековото тело. Кинезиологија се фокусира на физиолошкиот развој, биомеханичкиот како и на психолошките и динамички принципи на механизмите на движење.

Се поставува прашањето, дали „строгите критериуми“, кои се наменски поставени, ќе послужат за вработување кадар кој однапред е одбран?

www.lider.com.mk

Advertisement

Свет

Унгарија го блокира планот на ЕУ за финансирање на Украина преку еврообврзници

Унгарија денеска официјално ја одби можноста Европската унија да издаде еврообврзници за финансиска поддршка на Украина, што според „Политико“ го поништи потенцијалниот план Б на Унијата доколку не се постигне договор за употреба на замрзнатите руски државни средства за заем од 165 милијарди евра.

Европската комисија бара земјите-членки на Самитот овој месец да одобрат модел на поддршка базиран на руските резерви на централната банка, но Белгија е најголемиот противник на овој пристап бидејќи го држи поголемиот дел од средствата и стравува од правни последици доколку Москва покрене тужба.

Еврообврзниците се разгледуваа како алтернатива, но Будимпешта ја отфрли идејата за заедничко задолжување врз основа на седумгодишниот буџет на ЕУ, соопштиле двајца дипломати за „Политико“.

Одлуката следеше само неколку часа пред вечерата во Брисел меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и белгискиот премиер Барт де Вевер, на која требаше да се разговара токму за финансискиот пакет. Мерц изјави дека сака да ги увери белгиските власти дека предложениот модел е исправен, нудејќи германска гаранција за 25 отсто од средствата. Но Де Вевер бара поширока гаранција од сите земји-членки, која би ја покрила целата потенцијална штета – или повеќе.

Комисијата ги предложи еврообврзниците како една од двете опции за избегнување на можниот финансиски пресушен период за Украина уште од април следната година, но задолжувањето преку европскиот буџет бара едногласие, кое со унгарското вето станува невозможно.

Брз напредок не се очекува ниту поради силната белгиска опозиција кон „репарацискиот заем“, иако Комисијата тврди дека правните и финансиските ризици се минимизирани.

Според предлогот, 115 милијарди евра би се насочиле кон украинската одбранбена индустрија во наредните пет години, а дополнителни 50 милијарди евра за буџетските потреби на Киев.

Потпретседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, предупреди дека користењето на руските замрзнати средства од страна на ЕУ би било „casus belli“, односно причина за војна.

Continue Reading

Балкан

Турција апси професионални фудбалери и клубски шефови – Ова се причините

Турските власти издадоа наредба за апсење на 46 лица, меѓу кои 29 професионални фудбалери, во рамки на обемна истрага за местење резултати, соопшти канцеларијата на Главниот обвинител во Истанбул.

Според обвинителството, 27 од играчите се осомничени дека се обложувале на натпреварите во кои настапувале нивните тимови. Меѓу нив е и Метехан Балтаџи од актуелниот турски шампион Галатасарај, додека идентитетот на останатите 26 фудбалери не е откриен. Играње преку трето лице се припишува и на Мерт Хакан Јандаш од Фенербахче.

Дополнително, обвинителството нареди апсење на претседателите на два клуба кои, според сомнежите, се обиделе да влијаат на исходот на натпревар меѓу своите тимови во третата лига во сезоната 2023/2024.

Истрагата, која започна на почетокот на ноември, веќе доведе до апсење на шест фудбалски судии и на претседателот на прволигашот Ејупспор. Турската фудбалска федерација (ТФФ) најави дека продолжува со „чистење“ на турскиот фудбал, а претходно суспендираше околу 150 судии поради учество во обложување на натпревари.

Во ноември, дополнително, 25 прволигаши и речиси 1.000 играчи од втората до четвртата лига добија суспензија до 12 месеци, како дел од мерките за искоренување на нелегалните активности во турскиот фудбал.

Continue Reading

Свет

Американски документ предупредува: Европа на раб на исчезнување за 20 години

Во најновата Национална безбедносна стратегија на Соединетите Американски Држави, администрацијата на претседателот Доналд Трамп изнесува остри критики кон Европската Унија, миграциските политики и политичките процеси на континентот, предупредувајќи на можни длабоки културни и општествени промени во наредните 20 години.

Документот од 33 страници наведува дека економските тешкотии со кои се соочува Европа се „засенети од далеку посериозната можност за цивилизациски пад“. Во него се посочува дека ЕУ и други транснационални институции, преку ограничување на политичките слободи и суверенитетот, креираат услови за продлабочување на кризите.

Како главни проблеми се издвојуваат миграциските политики што „го трансформираат континентот“, падот на наталитетот, загрозувањето на националните идентитети и, како што се наведува, зголемениот притисок врз слободата на говор и политичката опозиција.

Според медиумот „Политико“, ваквата реторика е блиска до ставовите на неколку европски крајнодесничарски партии, со кои администрацијата на Трамп воспоставила сѐ поголема идеолошка синхронизација. Во стратегијата директно се охрабрува „растечкото влијание на патриотските европски партии“, кое се опишува како „извор на оптимизам“.

Во документот се повторуваат и тези поврзани со т.н. теорија за „Голема замена“, предупредувајќи дека дел од европските земји „би можеле да станат претежно неевропски“ во следните децении.

И покрај предупредувањата, стратегијата истакнува дека Европа останува „културно и стратешки важна“ за САД. Претседателот Трамп во воведната белешка документот го опишува како „мапа на патот“ за зацврстување на американската глобална позиција.

Новата стратегија, како една од ретките формални надворешнополитички презентации на администрацијата, може да влијае врз распределбата на буџетите и дефинирањето на приоритетите во американските државни институции во следниот период.

Извор: Локално.мк

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг