Connect with us

Технологија

„Perseverance“ денеска слетува на Марс, ќе бара докази за живот (ВИДЕО)

Published

on

По седум месечно патување, роверот Perseverance на NASA се подготвува за денешното слетување на Марс, што ќе биде почеток на повеќегодишно пребарување докази за древен микробиолошки живот на Црвената планета.

Мисијата „Марс 2020“, лансирана кон крајот на јули од Флорида, го вклучува најголемото возило некогаш испратено таму. Роверот е создаден во лабораторијата на НАСА, тежи еден тон и има роботска рака долга 2 метри. Опремено е со 19 камери и два микрофони за снимање.

Доколку пристигне недопрен, „Упорност“ ќе биде петтиот ровер што успешно ќе го заврши патувањето од Земјата до Марс.

Минатата недела кинеското вселенско летало Тијанвен-1 пристигна во орбитата на Марс и се надева дека во мај ќе го спушти својот ровер на планетата.

https://www.youtube.com/watch?v=qnZ_sidmr4Y

Perseverance може да ги спушти своите шест тркала на закажаното место за слетување на Марс вечерва околу 21:55 часот по средноевропско време, што научникот од НАСА Кен Фарли го опиша како „спектакуларно“.

Следете го слетувањето во живо на следниот линк:
https://www.youtube.com/watch?v=gm0b_ijaYMQ


Технологија

Мултифункционално копче: WhatsApp воведува голема промена за повиците

Published

on

Во последното ажурирање за WhatsApp, направени се одредени забележителни промени кои ќе го олеснат повикувањето преку апликацијата.

Новата WhatsApp бета верзија за Android 2.25.5.8 има редизајнираното мени во тест-фаза, кое им овозможува на корисниците подобра контрола над повиците.

Некои бета тестери може да го користат новото мени за повикување на врвот од нивниот разговор во апликацијата.

Ова мени ги комбинира досегашните две копчиња што се користат за започнување на гласовен или видео повик во едно копче за повикување.

Во индивидуалните разговори, ова копче ќе прикаже икона за гласовен повик, но тоа не значи дека видео повиците не се достапни. Наместо тоа, кога корисникот ќе го притисне копчето за повикување, ќе се појави мени кое ќе дозволи избор помеѓу гласовен или видео повик. Покрај тоа, во менито ќе има и опција за брзо креирање и споделување линк за повик и полесно креирање на покани за други да се приклучат на повикот.

Во групните разговори, копчето за повикување ќе прикажува икона за видео повик и ќе функционира на ист начин како и иконата за гласовни повици.

Еден од најкорисните додатоци е можноста за избор на учесникот кој сакате да го повикате, наместо да повикате цела група. Ова ќе обезбеди поголема флексибилност и контрола врз повиците.

Новото мени помага и во спречување на случајни повици, бидејќи корисникот прво мора да ги потврди своите преференции за повикување, што додава дополнителен чекор кој го намалува ризикот од случајно повикување на контакти или групи.

Редизајнираното мени со новите опции за повикување е достапно за одредени корисници на WhatsApp бета за Android преку Google Play Store, додека за iOS ќе биде достапно подоцна.

Continue Reading

Технологија

Ако полните iPhone, избегнувајте ја оваа грешка – може скапо да ве чини!

Published

on

Неколку совети за сите оние кои имаат iPhone – еве како да ја наполните батеријата на телефонот.

Сите ние барем еднаш сме го доживеале тој момент – купувате нов телефон, се работи совршено, но по година-две батеријата почнува да изумира побрзо од било кога. Ако ова ви звучи познато, не сте сами. А причината за тоа? Најверојатно неправилно го полните.

Евтини полначи? Подобро да не ризикувате

Прво, заборавете на евтините копии на полначи. Apple со години предупредува дека користењето неоригинални полначи може да биде опасно – не само за батеријата туку и за вашиот живот. Буквално. „Полнењето со несертифицирани адаптери може да претставува ризик од повреда или смрт“, се наведува во упатствата на Apple. Затоа, ако не сакате да ризикувате пожар во вашиот стан, придржувајте се до оригиналните или сертифицираните полначи.

Но, тоа не е најголемиот проблем. Најлошото нешто што и го правиме на нашата батерија е да ја полниме до 100%.

Не полнете до крај

Да, добро прочитавте. Иако сите сакаме да ја гледаме зелената икона за полна батерија, тоа е всушност најлошото нешто што можете да го направите за долговечноста на вашиот паметен телефон. Кога батеријата ќе достигне 100%, таа влегува во состојба на стрес, што го забрзува нејзиното абење и го намалува капацитетот.

Идеално, границата би била поставена на 95 проценти. Apple веќе го предвиде овој проблем, па поновите модели на iPhone имаат вградена опција „Optimized Battery Charging“. Оваа опција користи алгоритам за да ги анализира вашите навики за полнење и го спречува полнењето над 80% во одредени ситуации, а со тоа го намалува трошењето на батеријата.

Ако имате iPhone 15 или понов, можете сами да поставите ограничување за полнење. iOS дури ќе препорача оптимален процент, а честопати ќе биде токму тој 95%. Затоа, ако сакате вашата батерија да трае што е можно подолго, следниот пат кога ќе го приклучите телефонот во полначот, не го полните до крај. Вашиот iPhone (и вашите нерви) ќе ви се заблагодарат.

Continue Reading

Технологија

Војните никогаш повеќе нема да бидат исти: Американската армија ја претстави најнапредната технологија

Published

on

Американската војска наскоро ќе добие моќен алат за подобрување на планирањето – системот Thunderforge, развиен со помош на Scale AI.

Овој систем користи вештачка интелигенција за да го забрза донесувањето одлуки на сите нивоа на воените операции, се наведува на веб-сајтот на единицата за одбранбени операции на американската војска.

„Интеграцијата на напредни технологии како што се AI симулации и модели на големи јазици како Thunderforge, овозможуваат побрзо, попрецизно и попаметно планирање во динамични воени услови, што е клучно за справување со современите предизвици на војување“, се додава во соопштението.

Thunderforge е дизајниран како алат кој овозможува военото лице да синтетизира големи количини информации, анализира потенцијални акции и тестира стратегии преку симулации.

„Нашите AI решенија ќе ги трансформираат воените оперативни процеси и ќе ја модернизираат американската одбрана“, изјави основачот на компанијата Scale AI, Александар Ванг, во соопштението.

Овој систем ќе овозможи подобрување на ефикасноста и брзината на донесување одлуки, што е пресудно во околина која се менува брзо.

Современото војување бара брзо прилагодување и донесување одлуки врз основа на брзи промени на теренот, а традиционалните методи на планирање, кои често зависат од застарена технологија и бавни процеси, не можат да ја следат брзината на современите конфликти.

Во наредните месеци, Thunderforge ќе биде тестиран во два дела на американската војска: Индопацифичката команда (INDOPACOM) и Европската команда (EUCOM), со цел да се подобри планирањето на мисиите, распоредувањето на ресурси и стратегиската проценка во рамките на воените операции.

Ако тестот биде успешен, можеби ќе сведочиме на нов начин на водење на војни во иднина – одлуките ќе продолжат да ги носат луѓето, но со многу поголема помош од вештачката интелигенција.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк