„Србија има 1.074.571 вакцинирани, ние ни 571, ама Венко рече најспремни сме“

Србија има 1.074.571 вакцинирани. Ние ги немаме ни тие 571. Очај. Ама Венко рече дека сме најспремни – напиша граѓанин на Твитер.

Во Србија досега се вакцинирани вкупно 1.074.571 лица до денеска.

Граѓаните на Србија имаа можност да изберат помеѓу три вакцини. Тоа се „фајзер“, „синофарм“ и „спутник В“.

Како што најави претседателот на Србија, недела треба да пристигнат првите 150.000 вакцини на „Астра зенека“.

Србија е на второ место во Европа според бројот на вакцинирани на милион жители.