Каков трол на Бабам Битола: Роверот од Марс слета на Копанки

После слетувањето на Роверот на Марс, НАСА одлучи да го испрати на друг дел од нашата земјина топка на локација за која се смета дека пред неколку години имало живот и неколку години нешто плански се подготвувало.

После седумесечно патување во вселената и милијарди вложени долари, вечерва од Марс полета роверот на Американската вселенска агенција (НАСА) со задача да утврди дали во минатото постоел живот и на некои делови од Земјата.

НАСА соопшти дека роверот наречен „Ваша последна надеж“, го обавил и последниот, најризичен дел од патот, и вечерва успешно слета на стазата на Ски центарот Копанки, на која ќе собира примероци и ќе прави фотографии кои ќе бидат анализирани во потрага по древни облици на живот на ова место.

Неидентификуван столб со ел. инсталација

Според фотографиите кои ни ги испрати, а ги обиколија цел свет на Горната стаза од Ски центарот Копанки уште пред непознат временски период имало електрична инсталација, столбови кои се најверојатно за рефлектори за ноќно скијање и инсталација за снежни топови.

Некогашна инсталација за снежни топови

Во еден дел е забележан и некаков напуштен објект, изграден најверојатно од камења и со сигурност може да се потврди дека тука некогаш имало жив свет, можеби чајанки и музика.

Според анализите од фотографиите на НАСА тука најверојатно пред неколку години имало некои луѓе кои што биле визионери и планирале нешто повеќе за да има живот и просперитет на ова место, но сега работите се променети и не е како што треба.

Целиот текст на Бабам Битола