Connect with us

Инфо +

„Легнете доле, раце на грб!“, филмско апсење во Нови Сад (Видео)

Published

on

Со брза и ефикасна интервенција, припадниците на Министерството за внатрешни работи во Нови Сад ги расветлија кривичните дела за насилно однесување и тешки телесни повреди, сторени во саботата, пред угостителски објект.


Вчера беа уапсени четворица млади момчиња од Шид, Л. М. (20), Д.Н. (21), В. С. (20) и М.М. (21), а денес во Шид и Нови Сад уште двајца – Б. Д. (21) и М.М. (21).


„Легнете, рацете на грб“, се слуша на снимката за време на апсењето.

hapsenje, Novi Sad

Бруталниот напад се случи пред два дена на улицата Лаза Телешког.
Група мажи се судриле пред ресторан во центарот на Нови Сад, а целиот инцидент го снимила камера од еден од соседните објекти.

(Курир.рс)

Инфо +

Министерот Тимчо Муцунски во работна посета на Австралија

Published

on

Шефот на македонската дипломатија од денеска до 13 февруари ќе престојува во работна посета на Австралија, што претставува прва посета на македонски министер за надворешни работи по пауза од 15 години.
Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во рамки на интензивната политичка агенда, планирана е средба со министерката за надворешни работи на Австралија, Пени Вонг, на која ќе бидат потврдени добрите и пријателски билатерални односи, како и можностите за нивно натамошно продлабочување, особено на економски план. На средбата се очекува и размена на мислења за актуелните меѓународни прашања.

„Покрај политичките средби, агендата на министерот вклучува активности за економска промоција на земјата, како и бројни средби со истакнати стопанственици и претставници на бизнис-секторот. Во рамките на посетата, министерот Муцунски ќе оствари и средби со македонски и австралиски бизнисмени, како и со членови на Групата за пријателство со нашата земја во Парламентот на Австралија’, стои во соопштението на МНРиНТ.

Оттаму додаваат дека во фокусот на посетата ќе биде и средба со претставници на македонската дијаспора во Австралија. Министерот ќе даде и интервју за државното CБС радио на македонски јазик, во кое ќе се осврне на актуелните политики и приоритети во односите помеѓу двете земји.

Continue Reading

Македонија

Коњановски: Автопатот Битола – Прилеп ќе ја забрза регионалната поврзаност

Published

on

Во Општина Битола се одржа работна средба на градоначалникот Тони Коњановски со претставници од општинската администрација, ЈП за урбанистичко планирање – Битола, Општина Могила, како и тимот за изведба на автопатот Битола – Прилеп.

На состанокот, проектантите од Градежен институт Македонија (ГИМ) и претставници на изведувачот Бехтел и Енка ја презентираа предвидената траса на автопатот, кој ќе се протега од влезот на Прилеп кај превојот Плетвар до северната страна на Битола, во близина на селото Крклино.

Дискутирани беа клучни аспекти на проектот, како што се патните јазли, премините преку автопатот, времените режими на сообраќај и организацијата на градилиштето.

Според договорената динамика на изведба, автопатот Битола – Прилеп се очекува да биде целосно завршен до крајот на 2027 година, што ќе значи значително подобрување на регионалната поврзаност и инфраструктура.

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски: Доколку станам кандидат за градоначалник на Скопје, очекувам победа во прв круг!

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, ја истакна својата подготвеност и визија за иднината на главниот град, најавувајќи дека доколку стане кандидат за градоначалник на Скопје, очекува победа уште во првиот круг.

Во ексклузивното интервју за неделникот „Фокус“, Ѓорѓиевски ја претстави својата стратегија за модерно, уредено и европско Скопје, истакнувајќи дека неговата амбиција не е тајна, туку резултат на континуирана работа и реализирани проекти.

„Веќе повеќе од година и пол работам на концептот за подобар град. Досега, во општината Кисела Вода, реализиравме речиси 100% од изборната програма, што е доказ дека знаеме како да испорачаме резултати“, изјави Ѓорѓиевски.

Во својата програма, тој најави конкретни решенија за проблемите на Скопје, меѓу кои се:

✅ Генералка – темелно расчистување и уредување на јавните простори

✅ Лесно метро – современо и ефикасно урбано решение за транспорт

✅ Гасна централа – подобро енергетско снабдување за градот

✅ Комунална полиција – повисоки стандарди за јавниот ред и дисциплина

Според Ѓорѓиевски, во наредниот период ќе следуваат анкети, како што најави и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, од кои ќе се утврди кој ќе биде кандидатот за градоначалник на Скопје.

„Граѓаните ја препознаваат работата и поддршката што ја добивам секојдневно ми дава дополнителен мотив. Верувам дека Скопје може да биде модерна метропола на 21-от век, горд град со кој сите ќе се пофалиме“, порача Ѓорѓиевски.

Скопје се подготвува за нови предизвици, а Ѓорѓиевски останува еден од имињата кои најгласно ја истакнуваат својата визија за неговата иднина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк