Мексичката мисица Лора, фантастична убавица со опасен криминален мозок

Мексиканската мисица, Лора Мохика Ромеро (25) се најде во центарот на вниманието на јавноста, но овој пат не поради нејзината убавина, туку затоа што и се заканува затвор од 50 години.

Имено, постои сомневање дека таа играла голема улога во организираниот криминал, поточно во киднапирањето девојчиња со цел да ги воведе во светот на проституцијата.

Ромеро е позната во Мексико затоа што во 2018 година ја освои титулата Мис Оахака и учествуваше на националниот натпревар за Мис. Потоа се обиде да работи како водителка, но се повлече поради „други обврски“.


Заедно со осум други осомничени, таа беше уапсена на 11 февруари во Веракруз и се товари за киднапирање и тортура на девојчиња.

Лора, наводно, била член на оваа група три години. Таа служела како мамка за млади и убави девојки на кои би им понудила работа како модел и добар приход, а всушност, по киднапирањето, ќе ги пренесеше на проституцијата и црниот пазар.


Лора има три апартмани во елитни делови на градовите во Веракруз и Оахака. Во договор со група криминалци околу неа, таа им понудела на девојчињата да ја поминат ноќта таму, а потоа со употреба на наркотични средства, ги нудела девојчињата на криминалната група.


Според мексиканските портали, Лора била мозок и за киднапирање девојчиња, како и за убедување на нивните семејства дека моделирањето е вистинската работа за нив.