Connect with us

Инфо +

Секој што ќе се пријави како Бугарин на пописот, да добие пасош

Published

on

Секој граѓанин на Северна Македонија, што ќе докаже со фотокопија од формуларот на престојниот попис дека се декларирал како „македонски Бугарин“, да добие бугарски пасош по скратена постапка.

Културниот центар „Иван Михаилов “во Битола упати во писмо до претседателот Румен Радев, оремиерот Бојко Борисов и вицепремиерите Екатерина Захариева и Красимир Каракачанов.

https://www.facebook.com/424506668090970/posts/877322542809378/

,,Во последните години имало над 100.000 македонски Бугари кои добиле бугарско државјанство. Повеќе десетици илјади поднеле барање за такво нешто, а пред конзулатот во Битола се чека во редици.

И покрај масовната негативна кампања против овие луѓе во Северна Македонија, тие не се помалку патриоти во нивната земја. Тие ја сакаат Македонија дури и повеќе од многу други. Тие не се „Фашисти“, „Татари“ или некое малцинство туку голема заедница на Македонци, кои имаат бугарската самосвест “, се вели во писмото. 

Скопје

Пожар во болница во Скопје

Published

on

Вчера во 09.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 09.30 часот во Психијатриска болница-Бардовци настанал пожар во една од собите на установата.

Од Територијалната противпожарна единица Скопје пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading

Скопје

Бегал од полицијата, па предизвикал сообраќајка

Published

on

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје околу 10 минути по полноќ, на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода К.Ј.(26) од Скопје, кој управувал патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки и при даден знак од полициските службеници не застанал туку продолжил со движење и предизвикал сообраќајна незгода помеѓу неговото возило, патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(26), и патничко возило „пежо 206“ со скопски регистарски ознаки, управувано Д.М.(23), двајцата од Скопје.

-Во незгодата А.Т, Д.М. и неговата сопатничка И.Н.(21) од Скопје се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. По незгодата, К.Ј. продолжил со движењето и со своето возило удрил и во возило „дачија дастер“ со скопски регистарски ознаки и причинил материјална штета, информира МВР.

Откако бил пронајден, при преглед во неговото возило била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Македонија

УСТАВНИ ИЗМЕНИ САМО ТОГАШ КОГА ЌЕ БИДЕМЕ СИГУРНИ ДЕКА ЌЕ НЕМА ВЕТО ОД БУГАРИЈА Никогаш не сум рекол дека Вреди ќе ја напушти Владата

Published

on

Никогаш не сум велел дека како Вреди ќе излеземе од Владата ако нема уставни измени на крајот од годината. Кога ја формиравме Владата не го направивме тоа со една нога надвор, а со една внатре и не со уцени дека ќе ја напуштаме Владата, рече денеска Муртезани во одговор на пратеничко прашање од Горан Мисовски од СДСМ.

Сериозно работиме за надминување на проблемот со нашите европски интеграции, а уставни измени ќе има кога ќе бидеме сигурни дека нема да имаме потенцијално вето од Бугарија и кога ќе изнајдеме решение кое ќе го гарантира завршетокот на овој процесот, порача денеска министерот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Орхан Муртезани.

– Никогаш не сум велел дека како Вреди ќе излеземе од Владата ако нема уставни измени на крајот од годината. Кога ја формиравме Владата не го направивме тоа со една нога надвор, а со една внатре и не со уцени дека ќе ја напуштаме Владата – рече Муртезани во одговор на пратеничко прашање од Горан Мисовски од СДСМ.

Мисовски го праша дали Вреди ќе ја напушти Владата затоа што не е исполнет условот уставните измени да бидат донесени до Нова година.

Тој нагласи дека не држи ставот дека новата Влада го блокирала патот кон ЕУ.

– Тоа е како вие да сте ги отвориле сите поглавја и сега ние сме тие што го саботираме овој процес, што не е вистина. Има само разлика во пристапот кој ние го имаме од она што е направено досега. Ние не се служиме со пи-ар како вие, туку велиме дека ќе се обидеме да изнајдеме решение – рече Муртезани.

Дека новата Влада работи на изнаоѓање на решение, како што кажа, имаат потврдено сите европски и американски претставници кои ја посетиле земјава.

– Владата не работи само декларативно, туку работи сериозно за надминување на проблемот. Не е значајно колку месеци ќе трае тоа. Кога ќе бидеме сигурни дека нема да имаме потенцијално вето од Бугарија тогаш уставните измени ќе дојдат пред вас во Собранието и ќе бидат само техничко прашање за да осигураме 80 пратеници – потенцира Муртезани.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк