„Ваков срам и блам немало одамна,и заблагодарувам на Владата за неколкуте години продолжен живот!“

Мијалков бил во самоизолација само еден ден, со 40 температура бил, ама скроз сам, не дома или во Мериот туку на непозната локација, не го зел телефонот за да не го вознемируваат. Иако бил со 40 температура решил да го истера вирусот во Рамбо стил, мушки и сам, ко прав фраер.

Иако целото семејство е по станици, и обезбедувањето без кое не оди никаде, тој дури денес узнал дека го бараат, и оди да си го прими решението за куќен притвор.

И се јавува Заев виа социјални мрежи- огромен успех, правдата задоволена!!!!Ваков срам и блам немало одамна, и настрана сериозноста на ситуацијата, и заблагодарувам на Владата за неколкуте години продолжен живот!