Деcет најбогати 3емји ги иcпо3емаа вакцините, а 100 држави немаат ниту една

КОВИД ВАКЦИНИТЕ ПРИПАЃААТ НА НАРОДОТ

Во Европарламентот веќе има иницијативи кои велат дека, во услови на пандемија, кога севкупното светско производство на вакцини против новиот коронавирус го испоземаа само 10 најбогати држави во светот (додека над 100 држави членки на ОН воопшто немаат ниту една доза вакцина за своето население) – треба сериозно да се размисли за одземање на патентното право на големите фармацевтски компании за производство на овие вакцини.

Со ова, кога ПАТЕНТИТЕ ќе станат јавно достапни, секоја земја која има капацитет ќе може да си произведе вакцини за сопствени потреби и нема да чека на милоста на мултинационалните корпорации! Аргумент плус е тоа што во развивање на новите вакцини, финансирањето од јавни/државни фондови е повеќе од 60% – пишува Димитар Апасиев пратеникот на Левица.