Нема 8-ми март во Грција

За уште две седмици, до 8 март 2020 година, грчката Влада ја продолжи одлуката за ограничување на копнените граници и забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, јави дописничката на МИА од Атина.

Грциија веќе 11 месеци ги продолжува анти-ковид мерките, меѓу кои последните се нарекуваат „воведување мерки за привремено ограничување на копнените, воздушните и морските поврзувања на земјата, за забрана за влез во земјата на државјани на трети земји, освен од државите на Европската унија и Шенген зоната” за да се ограничи ширењето на коровирусот.

Мерката беше објавена синоќа во Службен весник на Грција, а од утре во 6 часот наутро стапува во сила.