Connect with us

Инфо +

МАНУ го одби барањето на Владата да го промени името

Published

on

МАНУ успеа да си го задржи името. Го одбија дописот од Владата за итна промена во нешто перверзно како Национална Академија на ….Северна Македонија. Против, само акад. Беџети. После натегања, Владата мораше да попушти. Браво за Македонската академија!!

Камо вака сите инситуции да не попуштаа, објави на својата Фејсбук страница претседателката на „Глас за Македонија“ Солза Грчева.

https://www.facebook.com/solza.grceva.7/posts/1585034548356994

Македонија

Градоначалникот Коњановски: „Богојавление нека донесе здравје и среќа во секое семејство!“

Published

on

Денес, православните христијани го одбележуваат Богојавление – Водици, празник кој симболизира духовно раѓање и почеток на животот во верата. Во Битола, градоначалникот Тони Коњановски присуствуваше на манифестацијата на положување на Светиот крст во осветените води на Соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“.

Во својата честитка до верниците, Коњановски изрази надеж за светла иднина:

„Денес ја продолжуваме нашата традиција со верба во вистинските вредности, поттикнати од соживотот, меѓусебното почитување и заложбите за заеднички напредок. Нека овој празник донесе здравје, љубов и среќа во секое семејство. Бог се јави!“

Најсреќен годинава беше 15-годишниот Иван Миовски, кој го извади Светиот крст од осветените води. Градоначалникот Коњановски најави дека ќе го награди Миовски со парична награда и икона од заштитникот на градот, Свети Нектариј Битолски, како признание за неговата храброст.

Манифестацијата беше исполнета со радост и духовно единство, потврдувајќи ја силата на традицијата и верата меѓу битолчани.

Continue Reading

Македонија

Утре прекин на струја во повеќе села во Тетовско

Published

on

Утре, 20 јануари 2025 година (понеделник), повеќе села во Тетовскиот регион ќе останат без електрична енергија поради планирани технички работи. Граѓаните се повикуваат на навремена подготовка за прекинот.

Дел од с.Желино, објекти кои се наоѓаат во центарот на селото прекин од 09:00 до 14:00 часот.

Дел од с.Непроштено прекин од 09:30 до 13:00 часот

Continue Reading

Македонија

Честитки за Деан Андон – ја извади крстот од Преспанското Езеро!

Published

on

Денеска, на големиот христијански празник Богојавление – Водици, радоста и благословот се проширија од осветените води на Преспанското Езеро. Со голема храброст и верба, Деан Андон од селото Туминец успеа да го извади светиот крст од студените води.

Овој чин носи голема чест и симболизира Божји благослов, здравје и среќа за целата заедница. Деан Андон ја покажа својата посветеност и вера, за што доби честитки и искрени желби од сите присутни.

Нека благодатта и радоста на овој празник бидат со сите нас низ целата година!

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк