Connect with us

Инфо +

„Ми ги отруја душињава што ги хранев“ (Вознемирувачко видео)

Published

on

„Масакар во с. Косел, Охрид. Ми ги отруја душињава што ги хранев, предупредував на тоа та затоа и ги објавував скоро секој ден. Полиција доаѓа на терен. Само да стигнеме до сторителот бел ден не ќе види. Ми трпи и работа и сѐ, животов ми се скрати ќе ја тужам и државава за нанесен душевен бол и сѐ.едит: ми ја нема уште една голема кучка, стерилизирана и скоцкана чувана со години тука, телото го нема никаде“ – пишува граѓанин на Фејсбук пост за масовното труење на кученца.

Видеото на следниов линк :

https://www.facebook.com/kliment.arnaudov.73/posts/141331164509674

Македонија

Утрово е почувствуван земјотрес

Published

on

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML3.0 е регистриран изутринава во 5 часот и 31 минута во епицентралното подрачје Дојран-Кукуш, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот бил на 130 километри југоисточно од Скопје. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Дојран и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Continue Reading

Македонија

Уапсен е насилен малолетник: Со нож повредил две деца

Published

on

На 15.11.2024, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од с.Ласкарци, скопско.

Тој се сомничи дека на 28.10.2024 на автобуска постојка кај трговски центар на подрачјето на Карпош со нож нападнал и повредил малолетник од Скопје и дека на 13.11.2024, исто така, на автобуска постојка на подрачјето на Карпош со нож нападнал и повредил друг малолетник од Скопје.

Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и по консултација со јавен обвинител, поднесена му е кривична пријава по итна постапка по член 386 од Кривичниот законик.

Судија на претходна постапка на малолетникот му изрече мерка притвор во траење од 30 дена, по што бил пренесен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.

Continue Reading

Македонија

Затворен патот Охрид – Ресен преку Галичица

Published

on

Патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица од вчера е затворен за сообраќај за сите видови на возила, информираа од ЈП Македонијапат.

Од вчера започна и законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година, потсетуваат од АМСМ.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк