Connect with us

Инфо +

Откриена нова база на кланот „Беливук“- вооружена полиција и нуркачи го пребаруваат cплавот

Published

on

Вчера полицијата детално пребаруваше популарен белградски сплав „Фристејлер“, за кој се сомнева дека бил една од базите на членовите на криминалната група на уапсениот Веjко Беливук, наречена Веља Невоља. Како што неофицијално пренесуваат српските медиуми, специјалните единици вооружени со пушки и кучиња, но и нуркачи од жандармеријата, целиот ден чешлале сплав, но и ја пребарувале Сава во потрага по докази против кланот.

– Постојат оперативни податоци дека можно е да има оружје на сплавот, но и во коритото на реката Сава, кое се користело во ликвидации и други кривични дела, а не е исклучена можноста да се извршени кривични дела на самиот сплав – потврдил соговорник од истрагата и додадава:

– При претрес во просториите на сплавот се пронајдени неколку часовници, телефони и СИМ-картички. Се сомнева дека овие предмети припаѓале на членови на групата на Веља. Телефоните и картичките беа испратени на експертиза.

Витомир Томиќ, бил сведок на претресот на сплавот „Фристејлер“. – Живеам на бродот Сава веќе пет години, а околу пладне дојде полицијата и ме повика мене и друг чувар да бидеме сведоци на претресот како граѓани, во случај да најдат нешто. Отидов по скалата, им помогнав. Имаше и инспектори во цивилна облека и нуркачи – изјави Витомир за Курир.рс

Извор за Куриср.рс открива дека постои сомневање дека еден од уапсените членови на криминалната група им укажал на истражителите сплавот како место каде има докази за сторени кривични дела.

Да потсетиме, полицијата претходно откри бункер на стадионот „Партизан“, но и неколку куќи и викендици користени од членови на оваа криминална група. Членовите на кланот Беливук наводно со години работеле како обезбедување на овој сплав.

Свет

Се огласија и украинците: “Путин, некој те лаже”

Published

on

Киев демантира дека Курската област е под целосна руска контрола

Украинскиот Генералштаб денеска ги отфрли како „пропаганден трик“ изјавите на руската воена команда дека борбените дејства во руската Курска област се завршени и дека регионот е под целосна руска контрола.

Во објава на официјалната Фејсбук страница, украинската армија соопшти дека во одредени делови од Курската област сè уште се водат одбранбени операции.

„Оперативната состојба е тешка, но нашите единици и понатаму држат позиции, извршуваат задачи и им нанесуваат значителни загуби на руските сили со употреба на различни видови вооружување, вклучително и со примена на тактика на активна одбрана“, се наведува во соопштението.

Украинската страна информира и дека од почетокот на денот биле одбиени пет руски јуришни обиди во регионот, а во моментот се води уште едно борбено дејство. Според истите информации, нема опасност од опколување на украинските сили во тој дел од фронтот.

Активни се и борбите во делови од соседната Белгородска област, информираат од Киев.

Од другата страна, Кремљ денеска објави дека началникот на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов, го информирал претседателот Владимир Путин за, како што беше соопштено, „ослободување“ на Курската област од украинско присуство.

„Целосниот пораз на непријателот во граничниот регион Курск создава услови за понатамошен напредок на нашите сили на други клучни делови од фронтот и го приближува поразот на неонацистичкиот режим во Украина“, изјавил Путин на состанокот со Герасимов, пренесе руската новинска агенција ТАСС.

Да потсетиме, украинските сили на 6 август 2024 година извршија упад во Курската област, но нивниот напредок беше брзо запрен.

Противречните изјави и натаму ја одразуваат сложената реалност на терен и продолжениот конфликт кој се одвива не само во Украина, туку сè почесто и на територија на Руската Федерација.

Continue Reading

Свет

Односите започнуваат да се влошуваат? Трамп со неочекувана изјава за рускиот претседател Путин

Published

on

Трамп жестоко по „Њујорк Тајмс“, а потоа и по Путин: „Можеби само ме залажува“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп повторно се огласи преку својата платформа „Трут соушал“, со објава во која остро го нападна весникот Њујорк Тајмс, но и упати критики кон рускиот претседател Владимир Путин за последните напади врз цивили во Украина.

„Без разлика каков договор би постигнал во однос на Русија и Украина – дури и да е најдобриот во историјата – пропаднатиот Њујорк Тајмс ќе најде начин да го претстави негативно“, напиша Трамп. Тој посебно се осврна на новинарот Питер Бејкер, кого го нарече „малиот Питер“ и „неталентиран“, обвинувајќи го дека слепо ги следи наредбите од уредниците.

„Тој напиша дека Украина мора да ја врати целата територија – вклучително и Крим – за да престане крвопролевањето, што е апсурдно“, додава Трамп, потсетувајќи дека токму администрацијата на Обама дозволила Русија да го анектира Крим „без испукан куршум“.

„Јас ѝ дадов на Украина џавелини. Обама – само чаршафи“, порача Трамп, потенцирајќи дека нема никаква одговорност за актуелната војна: „Оваа војна е на заспаниот Бајден, не моја.“

Во продолжение, поранешниот претседател испрати и директна порака до Путин, осудувајќи ги руските напади врз цивилни цели: „Нема оправдување за тоа Путин последниве денови да гаѓа градови и села. Тоа ме тера да се сомневам дека можеби не сака вистински да стави крај на војната – можеби само ме залажува.“

Според него, доколку Русија продолжи со ваквото однесување, САД ќе мора да преземат други чекори, „можеби финансиски или преку дополнителни санкции“.

Continue Reading

Свет

Директорот на ЦИА испрати вознeмирувачко предупредување до Конгресот во врска со Украина

Published

on

Директорот на ЦИА, Вилијам Бурнс, упати остро предупредување до членовите на американскиот Конгрес дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на 2024 година, ако не добие итна воена помош. Во говорот на Форумот за лидерство на Центарот на поранешниот претседател Џорџ Буш, Бурнс истакна дека украинските сили не се лишени од храброст, но се соочуваат со сериозен недостаток на муниција, што ја загрозува нивната способност да се одбранат.​

„Без дополнителна помош, ситуацијата е многу потешка“, предупреди Бурнс, додавајќи дека постои реален ризик Украина да изгуби на бојното поле до крајот на 2024 година или најмалку да дозволи на Путин да наметне услови за политичко решение. Тој нагласи дека дополнителната воена помош ќе им овозможи на украинските сили да изведуваат подлабоки удари во Крим и против Црноморската флота на Русија, што може да ја промени динамиката на бојното поле. ​

Бурнс исто така посочи дека поддршката за Украина е повеќе од војна со Русија — тоа е прашање за амбициите на Си Џинпинг и за доверливоста на САД како партнер на глобалната сцена. Тој предупреди дека ако САД се повлечат од поддршката за Украина, тоа ќе има далекусежни последици за нивната позиција во однос на други противници и сојузници. ​

Во исто време, претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, претстави пакет на странска помош, вклучувајќи 60,8 милијарди долари за Украина. Меѓутоа, овој пакет се соочува со отпор во Конгресот, особено од страна на некои републиканци кои се противат на дополнителната помош за Украина. ​

Бурнс заврши со предупредување дека неусвојувањето на помошта за Украина би било „историска грешка“, која ќе има сериозни последици за глобалната безбедност и позицијата на САД во светот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк