12 години 3атвор за Мијалков, 4 за Јанкуловска, по 15 за Грујевски и Бошковски

12 години казна затвор за Мијалков, 4 години казна затвор за Јанкуловска, по 15 години казна затвор за пребеганите Груевски и Бошковски беше епилогот од денешната пресуда за случајот за прислушкување на над 40,000 граѓани незаконски односно случајот Таргет-Тврдина.

Судијката порача дека ваквото прислушкување е досега направено во невидени размери, како и последиците од кривичните дела кои се тешки.