70% од новите cлучаи cе од БРИТАНСКИОТ CОЈ

Не можеме да бидеме сигурни дали тоа ќе биде тренд и ќе продолжи и понатаму или мини бран кој се случува овие денови. Анализата на вирусот покажа дека 70 отсто од вкупно новодијагностицираните случаи се пациенти кои се заразени со британскиот сој на вирусот, изјави министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната изјава за медиумите .

Тој потенцираше дека во моментов сме во ситуација во која има лесно зголемување на бројот на заразени од коронавирусот, со што факторот Р0 се зголемува.

– Викендов ќе се анализира ситуацијата во одредени градови, посебно во Кавадарци, Прилеп и Охрид. Врз основа на тие анализи ќе видиме, ќе се препорачаат мерки, рече министерот Филипче.

Во изјава за медиумите, тој информираше дека потпишан е договорот за набавка на руската вакцина и секојдневно течат разговорите како за вакцините од компанијата Фајзер, така и за кинеските вакцини.

Во однос на вакцинацијата на здравствените работници, Филипче истакна дека завршена е имунизацијата на медицинскиот персонал од Скопје кој работи со ковид пациенти.

-Сега продолжува и од другите болнички институции во државата. Следуваат и лабораториите кадешто се дијагностицира КОВИД-19, ќе следуваат матичните лекари, дел од стоматолозите со што ќе биде заокружен процесот од речиси 4000 здравствени работници, кои работат со ковид пациенти, посочи Филипче.