Connect with us

Инфо +

Двaјца повpeдени полицajци: Изнесени на paце откако дeмонcтpaнтите yдpија по полициjaта (Фото и Видео)

Published

on

Полициски кopдон не им дозволуваше на демонстрантите да се упатат пред Владата на Република Македонија.

Пред малку демонстрантите се обидоа на сила да го пробијат кoрдонот, а во нападот настрадаа двајца полицајци.

Како што се гледа од фотографиите на Инфомакс еден од полицајците беше на раце изнесен од кордонот откако се стекна со повреди во налетот на демонстрантите.

Видео:

Европа

Папата излезе од болница, се појави во јавноста првпат по пет седмици

Published

on

Папата Франциско беше отпуштен од римската болница „Џемели“ во неделата по повеќе од пет седмици хоспитализација поради двостано воспаление на белите дробови.

„Ви благодарам на сите“, рече тој со тивок глас за време на краткото појавување во инвалидска количка на балконот на болницата „Џемели“ пред да биде отпуштен од болница.

Папата Франциско, кој има 88 години, беше хоспитализиран на 14-ти февруари поради тешка респираторна инфекција.Тоа е неговата најсериозна здравствена криза за време на неговото дванаесетгодишно папство.

Лекарите на папата во саботата рекоа дека ќе му треба „многу повеќе време“ за целосно да закрепне и му наредија да помине дополнителни два месеци одмарајќи се во Ватикан.

Автомобилот во кој се наоѓаше папата Франциско ја напушти болницата во неделата рано попладнето, придружуван низ Рим од конвој полициски возила.

Папата Франциско во неделата повика на „итно“ запирање на израелските напади врз Појасот Газа, како и продолжување на дијалогот за да се постигне ослободување на „сите заложници“ и „дефинитивен прекин на огнот“.

„Тажен сум поради обновувањето на интензивното израелско бомбардирање на Појасот Газа, кое предизвика толку многу смртни случаи и повреди“, напиша папата Франциско во својата неделна молитва Ангел Господов.

Папата ги повика и Ерменија и Азербејџан да го потпишат неодамна преговараниот мировен договор „што е можно поскоро“ по децении конфликт.

Continue Reading

Свет

Радио МАК ФМ во Перт собра 34 илјади долари за настраданите во Кочани, акцијата продолжува

Published

on

Денеска радиото МАК ФМ во Перт, Австралија, организиравме финансиска собирна акција за настраданите од пожарот во диксотеката Пулс во Кочани.

Акцијата почнала во 10 часот и траела до 14 часот, при што за четири часа се соберени 35 илјади долари.

Главниот и одговорен уредник на МАК ФМ радио Перт, Трајче Т.Трајковски, вели дека акцијата ќе тра уште една недела..

Continue Reading

Балкан

Пет пациенти во Бугарија се под 18 години, ќе бидат потребни пластични операции

Published

on

Има и деца и возрасни на респираторно дишење. Сите се третирани според сите правила. Раните се стабилни, но најтешка околност е вдишувањето на гасови во белите дробови. Сите останати се на спонтано дишење, двајца се екстубирани, веќе не се на механичка вентилација. Можеме да кажеме дека се во добра состојба на апарати за дишење.

Ова го изјави министерот за здравство на Бугарија, доц. д-р Силви Кирилов за настраданите од дискотеката во Кочани кои беа примени во бугарските болници. Во Бугарија се лекуваат 15 лица. Само двајца од нив се постари од 30 години. Петмина се помлади од 18 години.

„Рано е да се зборува за испуштање, бидејќи прво – имаме отворени рани кои се лечат и најверојатно ќе биде потребна пластична хирургија, и второ – има оштетување на белите дробови и се уште е рано да се каже што, кога и како ќе се случи. Имаме уште многу долг пат“, рече министерот Кирилов.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк