Connect with us

Инфо +

Господ да ја чува Македонија, велеше Трајковски,17 години од неговата смрт

Published

on

Пред 17 години, на 26 февруари 2004 годинапретседателот Борис Трајковски, шест члена делегација и двајца пилоти загинаа при урнување на авионот од типот „Кингер“ на 15-километри јужно од Мостар во Босна и Херцеговина.

Роден е на 25 јуни 1956 година. Тој е вториот по ред претседател на Република Македонија (од 15 декември 1999 година, до 26 февруари 2004 година).

Дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот „Светите Кирил и Методиј“ во Скопје, а во 1980 година, специјализирал економско право и трудово право. До 1997 г. раководел со правната служба во стопанско претпријатие, а од 1997 до 1998 г. бил шеф на Кабинетот на градоначалникот на Општина Кисела Вода во Скопје.

Од крајот на 1998 г. беше заменик-министер за надворешни работи на Република Македонија во Владата на Љубчо Георгиевски. Тој, исто така, беше и претседател на Комисијата за надворешно-политички односи на ВМРО-ДПМНЕ и политички советник за надворешна политика на председателот на ВМРО-ДПМНЕ, беше член на Претседателството на невладината организација Паневропско движење на Република Македонија и на меѓународната конференција „Разрешување на конфликти” со седиште во Атланта, САД.

Учествувал на многубројни меѓународни конференции на тема разрешување на конфликти, религиозна толерантност, религиозна слобода, а беше и претседател на Младинската организација на Обединетата методистичка црква во Југославија повеќе од 12 години.

Трајковски загина на 26 февруари 2004 г. во авионската несреќа што се случи во планински предел во близина на Мостар. На пат кон БиХ во истиот авион патуваа вкупно девет луѓе и сите трагично ги загубија животите.

Претседателот Борис Трајковски остана запаметен како политичар кој не глумеше блискост со луѓето, туку природно и вистински беше непосреден и срдечен со нив.

ВИДЕО :

https://youtu.be/b_Y5RM3a-1A

Свет

Силен земјотрес ја погоди Индонезија

Published

on

Земјотрес од 6,2 степени ја погоди Индонезија – нема опасност од цунами

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Индонезија, соопшти Геолошкиот завод на САД (USGS).

Потресот бил регистриран во 19:17 часот по локално време, на длабочина од 117 километри. Епицентарот се наоѓал во близина на островите Талауд, во североисточниот дел на земјата.

Според досегашните информации, не е издадено предупредување за цунами, а засега нема пријави за материјална штета или повредени лица.

Индонезија, која се наоѓа на таканаречениот „Огнен прстен“ – подрачје со интензивна сеизмичка активност, често е погодена од земјотреси и вулкански ерупции.

Continue Reading

Свет

Поранешниот потпретседател на САД: “Администрацијата на Трамп е како нацистичка Германија”

Published

on

Ал Гор со жестока критика: Администрацијата на Трамп ја спореди со нацистичка Германија

Поранешниот потпретседател на САД, Ал Гор, излезе со остра критика на сметка на Доналд Трамп, споредувајќи ја неговата администрација со нацистичка Германија од времето на Адолф Хитлер.

На митингот во Сан Франциско, организиран по повод почетокот на Неделата на климата, Гор истакна дека Трамп и неговиот тим се обидуваат да наметнат „сопствена верзија на реалноста“, со цел да реализираат политички цели кои, како што рече, потсетуваат на методите на нацистичката партија во 1930-тите и 1940-тите години.

„Целосно разбирам зошто е чувствително и опасно да се споредува било кое политичко движење со Третиот рајх на Адолф Хитлер. Тоа беше уникатно зло, и нема споредба. Но, постојат важни лекции од историјата што не смееме да ги игнорираме“, рече Гор, кој беше потпретседател во администрацијата на Бил Клинтон.

Иако неговите зборови предизвикаа реакции на социјалните мрежи и во медиумите, од Белата куќа засега нема официјален коментар на споредбата што Гор ја направи.

Continue Reading

Свет

Светот изненаден: Трамп ќе гради облакодер со 150 ката во центарот на Москва?

Published

on

Се разгледува оживување на проектот „Трампова кула“ во Москва – руски функционери сакаат нов почеток со Вашингтон

Руски владини функционери наводно разгледуваат можност за оживување на амбициозниот проект „Трампова кула“ во Москва, како дел од поширока стратегија за ресетирање на односите со САД во случај на нов мандат на Доналд Трамп, објави „The Moscow Times“, повикувајќи се на извори блиски Кремљ.

Според истите извори, разговорите опфатиле предлог за изградба на облакодер висок 150 ката, кој би го носел името на американскиот претседател. Во план била и церемонија на поставување камен-темелник на која лично би присуствувал Трамп – потег кој би имал и симболично и медиумско значење.

Руски гиганти во акција

По изборната победа на Трамп, Кремљ им наложил на клучни компании – меѓу кои се наоѓаат санкционираните „Росњефт“, „Росатом“, „Полјус Голд“ и „Русал“ – да изработат конкретни предлози за економска и политичка соработка со САД. Идеите требало да бидат во духот на личните интереси и бизнис-филозофијата на Трамп – брзи, спектакуларни и ефектни.

Проектот за облакодерот, според изворите, се издвоил како еден од најперспективните – токму поради потенцијалот за брз старт и медиумско внимание. „Тука се важни брзината, впечатокот и спектаклот – сѐ што Трамп интуитивно вреднува“, изјавил извор блиску до Кремљ.

Стара идеја со нова димензија

Идејата за Трамповата кула во Москва не е нова. Првпат била претставена во 2013 година, кога Трамп планирал да гради 58-катна зграда во соработка со рускиот бизнисмен Арас Агаларов. Сепак, проектот бил ставен во мирување. Во 2015 година, планот повторно бил актуелизиран од страна на Феликс Сатер, американски инвеститор со руско потекло, но бил повторно стопиран поради политичките амбиции на Трамп.

Предложената Трампова кула би содржела 250 луксузни станбени единици, хотел од 15 ката со 150 соби, спа-центар, деловни простории, фитнес и врвен паркинг.

Иако не е прецизирано во која фаза се наоѓаат овие разговори, извори од руската администрација наведуваат дека градската власт во Москва би го прифатила ваквиот проект со отворени раце.

Проектот, доколку се реализира, би бил еден од најконтроверзните обиди за спојување на политиката и личниот бизнис, и сигурно би предизвикал сериозни реакции на меѓународната сцена.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк