Connect with us

Инфо +

Господ да ја чува Македонија, велеше Трајковски,17 години од неговата смрт

Пред 17 години, на 26 февруари 2004 годинапретседателот Борис Трајковски, шест члена делегација и двајца пилоти загинаа при урнување на авионот од типот „Кингер“ на 15-километри јужно од Мостар во Босна и Херцеговина.

Роден е на 25 јуни 1956 година. Тој е вториот по ред претседател на Република Македонија (од 15 декември 1999 година, до 26 февруари 2004 година).

Дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот „Светите Кирил и Методиј“ во Скопје, а во 1980 година, специјализирал економско право и трудово право. До 1997 г. раководел со правната служба во стопанско претпријатие, а од 1997 до 1998 г. бил шеф на Кабинетот на градоначалникот на Општина Кисела Вода во Скопје.

Од крајот на 1998 г. беше заменик-министер за надворешни работи на Република Македонија во Владата на Љубчо Георгиевски. Тој, исто така, беше и претседател на Комисијата за надворешно-политички односи на ВМРО-ДПМНЕ и политички советник за надворешна политика на председателот на ВМРО-ДПМНЕ, беше член на Претседателството на невладината организација Паневропско движење на Република Македонија и на меѓународната конференција „Разрешување на конфликти” со седиште во Атланта, САД.

Учествувал на многубројни меѓународни конференции на тема разрешување на конфликти, религиозна толерантност, религиозна слобода, а беше и претседател на Младинската организација на Обединетата методистичка црква во Југославија повеќе од 12 години.

Трајковски загина на 26 февруари 2004 г. во авионската несреќа што се случи во планински предел во близина на Мостар. На пат кон БиХ во истиот авион патуваа вкупно девет луѓе и сите трагично ги загубија животите.

Претседателот Борис Трајковски остана запаметен како политичар кој не глумеше блискост со луѓето, туку природно и вистински беше непосреден и срдечен со нив.

ВИДЕО :

https://youtu.be/b_Y5RM3a-1A

Advertisement

Свет

Хаос на европските аеродроми по воведувањето на новиот Шенген систем

Воведувањето на Шенген системот за влез и излез (EES) на 12 октомври 2025 година предизвика сериозни проблеми на аеродромите во Европа, при што патниците во периоди на зголемена фреквенција чекаат и до три часа за да поминат гранични контроли, соопшти Европскиот оддел на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI).

Оттаму велат дека прогресивното снимање на биометриски податоци и регистрација на државјани од трети земји ја зголемуваат обработката на патниците до 70%, а недостигот на киосци и полициски кадар дополнително ја усложнува ситуацијата. Најзасегнати се аеродромите во Франција, Германија, Грција, Исланд, Италија, Португалија и Шпанија.

ACI повикува Европската комисија, eu-LISA, Фронтекс и земјите-членки итно да преземат мерки или да овозможат поголема флексибилност во примена на системот до целосното воведување. Генералниот директор на ACI EUROPE, Оливие Јанковец, предупредува дека доколку проблемите не се решат пред зголемувањето на прагот за регистрација на 35% од 9 јануари, хаосот на аеродромите ќе се продлабочи, со сериозни последици по безбедноста и оперативноста.

Continue Reading

Свет

Украински дронови предизвикаа штета на руската нафтена инфраструктура во Таман

Украински беспилотни летала го погодиле руското пристаниште Таман во Црното Море, при што биле оштетени две пристаништа, еден цевковод за снабдување со мазут и два танкера, соопшти регионалната администрација на Краснодарската област. На едниот танкер избувнал пожар кој веќе е изгаснат, а два резервоари за складирање биле оштетени од падот на остатоци од дрон.

Службите за цивилна заштита информираат дека екипажите на погодените бродови се евакуирани, а пожарите се целосно изгаснати. Пристаништето Таман се смета за клучна точка за испорака на нафта и течен природен гас.

Украина зачестено ги напаѓа руските нафтени и енергетски објекти како дел од својата одбрана од руската инвазија.

Continue Reading

Балкан

Косово доби моќно оружје

Косово го примило германскиот противтенковски систем „Панцерфауст 3“ како дел од билатералната безбедносна соработка, објавија косовските медиуми. Испораката има за цел зајакнување на одбранбените капацитети на Косовските безбедносни сили (КБС) и нивна постепена модернизација во согласност со стандардите на евроатлантските партнери.

Косовските власти потенцираат дека системот ќе се користи исклучиво за одбранбени цели и професионална обука. „Панцерфауст 3“ е еден од најнапредните противтенковски системи што ги користат неколку европски армии. Договорот со Германија се оценува како дополнителен доказ за поддршката на Берлин за стабилноста и безбедноста во регионот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг