„Кинеските вакцини можеби ЌЕ ЗАКАСНАТ“

Што се однесува до пристигнувањето на кинеските вакцини, нивното доаѓање во Македонија може да се пролонгира за неколку денови, изјави министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференција.

Филипче истакна дека тие како надлежни добро се справиле со вирусот, и дека нашиот здравствен систем добро се справува со пандемијата, кој пред една година почна да се шири во Македонија.

-Сега сме во тренд во кој има зголемување на бројот на заразени според последните пресметки. Не можеме да бидеме сигурни дали тоа е моментално или ќе продолжи понатаму. Околу 70 отсто од новодијагностицираните се од британскиот вид на корона вирусот. Викендот ќе се анализираат ситуациите и ќе видиме дали ќе се препорачаат рестриктивни мерки, изјави Филипче.