Connect with us

Инфо +

Седумина полицајци повредени во протестот кај Бит пазар

Published

on

Демонстрантите на денешниот протест против пресудите за случајот „Монструм“ се судрија со полицијата, а и ја гаѓаа со камења, при што седуммина полицајци се повредени, објави државната агенција МИА. Нападната беше и екипата на МИА.

Протестот тргна од Чаир и според најавата требаше да заврши пред Владата, но полициски кордон ги запре демонстрантите кај Бит пазар и не им дозволи да поминат кај судовите. Тука дојде и до нападот врз полицијата, која употреби и шок бомби да ја растури насилната толпа.

Пресудата за повтореното судење за „Монструм“ за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро од 2012 година беше изречена на 23 февруари во Основниот кривичен суд. Доживотни казни затвор добија обвинетите Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, 15 години затвор доби обвинетиот Фејзи Азири и девет години затвор доби обвинетиот Хаки Азири. Ослободен од обвинението беше Сами Лута. Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се избегани во Косово.

Македонија

ГИ ПРЕДУПРЕДИВМЕ НАШИТЕ СТРАТЕШКИ ПАРТНЕРИ ДЕКА ЌЕ ИМА ИНЦИДЕНТИ Ќе има уште провокации, но ќе немаме милост за никого

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека утрово заедно со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски ги информирале стратешките партнери и меѓународната заедница за синоќешните настани и им доставиле докази за тоа што се случуваше и за тоа што очекуваме да се случува.

Нашите стратешки партнери и меѓународната заедница беа предупредени дека ќе има инциденти токму за вчера, а утрово заедно со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски ги информиравме за настаните и им доставивме докази за тоа што се случуваше и за тоа што очекуваме да се случува, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, во врска со палењето и кинењето на македонското знаме и другите инциденти за време на синоќешната прослава на денот на албанското знаме. Премиерот Мицкоски рече дека допрва ќе има слични инциденти.

– Бидете сигурни дека македонската влада ќе одговори жестоко на сите обиди да се дестабилизира државата – рече тој.

Премиерот Мицкоски најостро го осуди сквернавењето на македонското знаме.

– Тоа е чин на агресија, нешто за кое ние предупредувавме дека ќе се случува и дека ќе има обиди за ескалација и за креирање на меѓуетнички тензии, а ќе има и во иднина. Ова нема да е изолиран случај, очекувајте дека ќе и во иднина. Како правдата пополека, но сигурно се доближува до криминалците, така тие ќе стануваат понервозни, понетрпеливи и единствениот начин да го одбранат криминално стекнатиот капитал е токму вака, со манипулирање и со предизвикување на ваков тип на инциденти. Им честитам на навремената, трезвена и државничка акција на МВР, БЈБ СВР Скопје и на полицајците кои не дозволија ескалирање и реагираа во насока на приведување на лицата кои го сквернавеа македонското државно знаме – рече Мицкоски.

Засега 8 предизвикувачи на инцидентите се приведени ќе бидат изведени пред суд, додаде премиерот.

– Јас апелирам до македонските граѓани на трезвеност, да не дозволиме овие инциденти да предизвикаат негативни чувства, бидејќи ова е мала, изолирана и манипулираа група од оние кои ги штитат своите милиони. А тие кои се потенцијални жртви на овие политички криминалци и насилници, сакам да ги предупредам дека нема да има милост кон никого. Секој кој ќе го прекрши законот ќе одговара и ако мислат дека се недопирливи и дека ова што го зборуваме не е вистина, силно ќе се разочараат. Уште во првиот обид ќе бидат приведени. Апелирам до граѓаните без разлика на етничката припадност, да не дозволиме овие криминални групи, кои се длабоко во своето политичкото мочуриште, а беа 7 години власт, да ја дестабилизираат нашата заедничка татковина – рече премиерот.

Ние како Влада гарантираме безбедност, трезвена акција на полицијата и државничко однесување, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

ЕДИТ 14.50: Извршена е промена на првичниот наслов, поради погрешна интерпретација на дел од изјавата на премиерот Мицкоски.

Continue Reading

Македонија

ВОЗДУХОТ ВО ЗАТВОРЕНИТЕ ПРОСТОРИИ Е 5 ДО 10 ПАТИ ПОЗАГАДЕН ОД НАДВОРЕШНИОТ Прочистувачите за воздух се прва одбрана од загадувањето во домот

Published

on

На граѓаните им препорачувам да избегнуваат физичка активност на отворено во периоди кога концентрацијата на загадувачи е висока, да користат маски, како KN95, и задолжително да набават прочистувачи на воздух за во затворените простории каде ситуацијата е дополнително посложена, вели Чибишев.

Загаденоста на воздухот кај нас достигнува ниво кое значително го надминува она што Светската здравствена организација (СЗО) го смета за безбедно. Македонија е на врвот во Европа по концентрацијата на ПМ честички во воздухот, а тоа е директно поврзано со бројни здравствени последици. За жал, ситуацијата е крајно сериозна и алармантна. Долготрајната изложеност на загаден воздух не само што предизвикува респираторни заболувања, туку доведува и до зголемен ризик од кардиоваскуларни болести, мозочни удари и дури и појава на малигни тумори, предупредува професор доктор Андон Чибишев, специјалист по интерна медицина и актуелен директор на Клиниката за токсикологија.

Што точно предизвикува вакви сериозни здравствени последици кај граѓаните?

– Секојдневното вдишување на ПМ честички, јаглероден моноксид, азотни оксиди, сулфур диоксид и тешки метали како олово и жива, го оштетуваат респираторниот систем и го ослабуваат имунитетот. Овие токсини, кога ќе стигнат во организмот, предизвикуваат хронични воспаленија, кои на краток рок можат да доведат до бронхитис и астма, а на долг рок – до сериозни заболувања на белите дробови, како емфизем. Кардиоваскуларниот систем исто така страда: загаденоста на воздухот го намалува снабдувањето на мозокот и срцето со кислород, што значително го зголемува ризикот од срцеви и мозочни удари.

Како загадениот воздух влијае на децата и на повозрасните лица, кои се сметаат за најранливи категории?

– Кај децата, изложеноста на загаден воздух предизвикува не само хронична кашлица, туку и го нарушува развојот на нивниот имунолошки систем. Кај постарите лица, пак, ваквата изложеност ја влошува состојбата на постоечките хронични заболувања и го зголемува ризикот од сериозни респираторни и кардиоваскуларни компликации. Неврологичките проблеми, како когнитивни пореметувања, мемориски загуби и дури појава на невродегенеративни болести, исто така се поврзуваат со долгорочната изложеност на загаден воздух.

Што можат граѓаните да направат за да го заштитат своето здравје?

– За жал, граѓаните не можат да го решат сами проблемот со загадениот воздух, но можат да преземат одредени мерки за минимално да го намалат своето изложување. Препорачувам да избегнуваат физичка активност на отворено во периоди кога концентрацијата на загадувачи е висока, да користат маски, како KN95, и задолжително да набават прочистувачи на воздух за во затворените простории каде ситуацијата е дополнително посложена. Граѓаните треба да бидат свесни дека воздухот во затворените простории е 5 до 10 пати позагаден од надворешниот. Многу е важно да се употребуваат квалитетни прочистувачи за воздух. Тие се одлична прва линија на одбрана од загадувањето во домот, бидејќи висококвалитетните прочистувачи на воздух успеваат да филтрираат до 99,9% од штетните честички и гасови. На пазарот постојат прочистувачи со сомнителен квалитет, кој не ги задоволуваат елементарните критериуми. Еве, за ваша референца, кога зборуваме за овие уреди, прочистувачи за воздух што го користиме во мојот дом е од реномираниот германски производител Mann & Hummel, има капацитет од 500m³ воздух на час и е на ниво на филтрација според медицинските стандарди.

Дали сте запознаени со новите владини напори за намалување на загадувањето на воздухот?

– Да, запознаен сум и ги поздравувам долгорочните планови на Владата за оваа цел. Владата веќе разви стратегија за намалување на загадувањето, која, по долга пауза, конечно започна да се имплементира. Премиерот најави дека се очекува загадувањето да се намали за 60% во наредните три години. Исто така, Министерството за животна средина ги интензивира активностите за чист воздух преку зелени проекти и контролирање на индустриските емисии. Тоа е чекор напред кон подобрување на квалитетот на животот, но исто така е важно секој граѓанин да преземе мерки за заштита во меѓувреме.

Има ли добри примери од практиката во заштита на здравјето од загадувањето на воздухот?

– Неколку училишта во општина Кисела Вода веќе се опремени со прочистувачи на воздух, кои ефективно ги намалуваат ПМ честичките и токсичните гасови во просториите, достигнувајќи ниво на чистота споредливо со она во медицинска операциона сала. Овие примери се многу позитивни и докажуваат дека со правилна опрема можеме да го заштитиме здравјето на децата и наставниот кадар. Чистиот воздух е основно право на секое дете и секој ученик. Овие добри практики треба да се поддржат и во други училишта и јавни институции, со цел да им обезбедиме на децата чиста и безбедна средина за учење и развој.

Што би им порачале на граѓаните?

– На секој граѓанин би му порачал да преземе што е можно повеќе превентивни мерки за заштита од загадениот воздух. Прочистувачите на воздух се одлична инвестиција во здравјето на секој дом, особено во региони како Скопје, каде загадувањето е сериозен ризик. На крајот на краиштата, чистиот воздух не е луксуз, туку основно право и неопходност за здрав и квалитетен живот. Со прочистен воздух и подобра заштита, секој дом може да стане сигурна зона за дишење.

Извор: Плусинфо

Continue Reading

Македонија

Снег на Шапка и Маврово

Published

on

АМСМ информира дека на Попова Шапка и во Маврово се бележат врнежи од снег со променлив интензитет, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк