Connect with us

Инфо +

Три години затвор за оној што ќе се попише како да е во странство!

Published

on

Во член 9 од Законот за попис јасно пишува дека секој оној што ќе уништи, прикрие, оштети или на друг начин ќе стори да бидат неупотребувани внесените податоци во пописната апликација, ќе се казни со затворска казна од најмалку три години што значи дека кривична постапка ќе биде покрената за сите кои се обидуваат да приложат лажни податоци во системот.

Директорот на заводот Апостол Симовски веќе предупреди дека сите злоупотреби на системот за попис ќе бидат казнети според казнените одредби од законот за попис, што значи дека секој обид за манипулација на системот односно регистрирање како дијаспора на граѓани кои се во Македонија ќе се сметаат како намерен упад во апликацијата, а системот ќе покаже дека таквите податоци не се веродостојни.

Денеска програмери јавија дека откриле слабост во системот односно секое лице кое ќе вклучи VPN може да се попише од Македонија, иако оваа апликација е наменета за македонските граѓани во странство. VPN е алатка која ја редиректира IP адресата на друго место. Користејќи VPN лажно може да се покаже приклученост од друга држава.

Програмерката која вчера откри сериозни пропусти во системот за самопопишување, денеска има нова објава на ФБ во групата Сојузен комитет на Програмери на Република Македонија во која посочува дека самата регистрацијата има многу пропусти, односно дека има само еден степен на заштита. Вели дека ниту и стигнала порака на мобилен, ниту и било побарано да ја впише адресата во странство. 

Балкан

Вучиќ утре ќе го соопшти името на кандидатот за нов премиер на Србија

Published

on

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре ќе и се обрати на јавноста во врска со изборот на мандатот за состав на новата влада, соопшти Претседателството на Србија.

Вучиќ ќе се обрати утре во 20:00 часот од Палатата Србија, се додава во соопштението.

Претседателот на Републиката, врз основа на уставните овластувања, ќе му предложи на Народното собрание кандидат за премиер, откако ќе ги сослуша мислењата на претставниците на избраните изборни листи“, се вели во соопштението на Претседателството.

Рокот за избор на нова влада во Народното собрание истекува на 18 април на полноќ, а како што јави РТС, претседателот Вучиќ утре ќе го соопшти името на кандидатот.

По консултациите со парламентарните партии одржани во средата и четвртокот, претседателот на Српската напредна странка, Милош Вучевиќ изјави дека партијата е за формирање нова влада и додаде дека изборот за мандатот е скратен на две лица.

Вучиќ во четвртокот рече дека претставниците на СНС го прашале за мислење и дека се уште се „поделби“ меѓу партиските и непартиските кандидати за премиер.

„Не сакав да имам пресудно влијание, освен што им кажав кои се важните задачи на идната влада, што таа влада мора да направи, колку мора да работи и колку треба да надоместиме за сето она што го изгубивме во месеците на терор“, рече Вучиќ.

Претседателот Вучиќ претходно најави дека движењето за народот и државата ќе биде претставено на митингот во Белград што е закажан за 12 април во 19 часот.

Мора да ја вратиме безбедноста во нашите домови, децата во училиштата и да ја вратиме Србија на патот на успесите и победите што ги имавме безброј пати во изминатите години“, рече Вучиќ.

Continue Reading

Свет

ПРОТЕСТИ И ВО ЕВРОПА: „Рацете подалеку од Украина“ – пароли против Трамп и Маск и во Париз, Берлин, Лондон, Лисабон, Франкфурт…

Published

on

Илјадници луѓе протестираа во европски градови денеска против политиката на американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот советник Илон Маск, по бурната недела на финансиските пазари додека Трамп воведе глобални царини.

Во германскиот град Франкфурт, групата Демократи во странство, официјалната организација на Демократската партија за американските граѓани кои живеат во странство, организираше протести.
Во Берлин, протестирајќи пред салон за автомобили на Тесла, демонстрантите држеа транспаренти со кои ги повикуваа Американците кои живеат во Германија да протестираат за „стават крај на хаосот“ дома.

На митинг во Опернплац во Франкфурт, членовите на групата Демократи во странство повикаа на оставка на американскиот претседател, држејќи транспаренти на кои пишуваше „Врати ја демократијата“, „Тргни ги рацете од нашите лични податоци“ и „Светот е уморен од твоите глупости Доналд, оди си!“

Во Берлин можеа да се видат пароли упатени кон Маск како „Молчи Илон, никој не гласаше за тебе“, што се однесува на владиното министерство за ефикасност кое Маск го води како советник, уште една иницијатива на администрацијата на Трамп за намалување на отпадот, корупцијата и злоупотребата.

Во Париз, околу 200 луѓе, главно Американци, се собраа на Плоштадот на Републиката за да протестираат против Трамп. Некои одржаа говори за да се откажат од претседателот, мафтајќи со транспаренти на кои пишуваше „Спротиставете му се на тиранот“, „Владеење на правото“, „Феминистки за слобода, а не за фашизам“ и „Спаси ја демократијата“.

Протести против Трамп и Маск се одржаа и во други европски градови, вклучувајќи ги Лондон и Лисабон.

Во Лондон, неколку стотици луѓе се собраа околу плоштадот Трафалгар, држејќи табли на кои пишуваше „Гордиот Американец посрамен“… Луѓето извикуваа „Рацете подалеку од Канада“, „Рацете подалеку од Гренланд“ и „Рацете подалеку од Украина“ додека ги слушаа говорите во кои се критикуваше Трамп.

Протести против Трамп и Маск се одржуваат и во градовите низ САД.

Continue Reading

Балкан

Рубио планира посета на Западен Балкан

Published

on

Средбата била во првиот ден од министерскиот состанок на НАТО. За време на „кратката, значајна средба“, двајцата размениле мислења за актуелните билатерални и регионални прашања.

-Во разговор со Ибрахимовиќ, Рубио најави дека планира посета на Западен Балкан, при што ќе ја посети и Црна Гора, се вели во соопштението на МНР на Црна Гора.

Ибрахимовиќ ја истакнал важноста од континуиран дијалог и партнерство меѓу Црна Гора и САД, особено во контекст на заедничките безбедносни предизвици.

-Двајцата се согласија дека посетата претставува дополнителна можност за зајакнување на билатералната соработка и потврда на силните сојузнички односи меѓу двете земји, се додава во соопштението. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк