Connect with us

Инфо +

Војник на АРМ со говор на омраза на верска основа, ќе „cечел kаури“

Повеќе извори на социјалните мрежи два дена објавуваат информација за припадник на АРМ кој во повеќе наврати шири говор на омраза на верска основа и ги напаѓа САД и Израел.

“Дали и колку верските поглавари се замешани во оваа каша ќе оставиме на новинарите да истражат прво ако смеат, а второ ако не им е страв. Посебно се апелира до новинарите од исламска вероисповед кои го говорат албанскиот јазик да дадат свој голем придонес во осветлување на оваа хаварија. Ако никој не помрдне со прст изгледа ние ќе мора и оваа работа да ја завршиме”, пишува во една од објавите која не ја објавуваме целосно поради наведување на лични информации за војникот на АРМ.

Во најмалку три различни постови на различни платформи се објавуваат фотографии од негови пораки кои можат да се третираат како говор на омраза.

“Господинов јавно и дирекно се заканува кон Република Израел и кон САД. Која му е потребата? Што Израел му има направено на овој македонски државјанин?

На 27 април 2014 војникот објавува статус на кој вели: “Ова е командант Самидин Џезаири – страв и трепет за словените! Само тој знаеше како треба да се справуваш со словените, не како денешниве команданти кои се многу меки. СТОП на гласањето во Студеничани!”, пишува во врска со војникот на АРМ кој го објавил овој статус на 12 октомври 2015.

Во статусот од 21 август 2020 војникот цитира песна која може да се доживее како говор на омраза на верска основа: “Хусеин мажот само што дојде од војска, отиде во домот и ја изеде шакицата и го сечеше еден “каур”!

Дел од муслиманите во Македонија православните ги нарекуваат со погрдно име “Каури”.

Во друг негов фб статус од 10 декември 2013 кој потоа го преобјавува на истата дата но во 2017 вели: “Да знаат Израел и Америка дека во срцето на муслиманот стравот нема место. Не сме малку! Ние сме милјарда! Кој дига глава ќе го симнеме од мапа”!

Објавувачите на информациите за војникот на АРМ од македонските власти бараат да ги проверат наводите за лицето со цел да се избегне инцидент.

Скандалите со враќањето на македонските одбрамбени претставници од седиштето на НАТО откако не ја минаа проверката и не добија безбедносни сертификати даваат основан сомнеж дека не сите припадници на АРМ се соодветно проверени – пишува Експрес мк.

Реакции има за ова и насоцијалните мрежи:

Балкан

Блокадите на грчките земјоделци им ги менуваат плановите на македонските туристи за продолжениот викенд

Илјадници граѓани од Македонија кои планираа продолжен викенд во Грција се соочија со сериозни пречки поради новиот бран блокади што ги поставија грчките земјоделци на неколку стратегиски патни правци и гранични премини. Најпогоден е преминот Богородица – Евзони, кој е затворен во двата правци до понатамошно известување, што значително го отежнува патувањето токму во период кога многумина се упатуваат кон Солун за шопинг, празнична атмосфера или краток одмор.

Земјоделците протестираат поради доцнење на европските субвенции, а нивниот штрајк ги блокира главните сообраќајни коридори. Патниците изминативе денови се принудени да чекаат со часови или да бараат алтернативни рути. Иако се пропуштаат само итни случаи и камиони со кварливи производи, редовниот сообраќај е целосно парализиран.

Според информациите што ги сподели туристичкиот сервис „Никана“, патот кон Солун е прооден, но делници на автопатот кон Верија и кон Атина и понатаму се блокирани. Дополнително, најавена е блокада и кај Неа Мудања, што може да создаде проблеми за патниците кон Халкидики.

Отворени остануваат граничните премини кај Дојран и Меџитлија, а грчката полиција повремено ги пренасочува возилата на критичните точки. Патниците се предупредуваат да ја проверуваат состојбата пред тргнување, да ги избегнуваат затворените делници и да планираат дополнително време за патување, бидејќи блокадите би можеле да траат и наредните денови.

Continue Reading

Балкан

Блокада на Евзони – сообраќајот целосно запрен поради штрајкот на грчките земјоделци

Сообраќајот на граничниот премин Богородица – Евзони е целосно прекинат од 18 часот поради штрајкот на грчките земјоделци, кои поставиле блокада на грчката страна од границата.

Преминот е затворен за сите категории возила, а возачите кои се упатиле кон јужниот сосед се пренасочуваат кон други гранични премини. Од надлежните служби апелираат граѓаните да го избегнуваат овој правец додека трае блокадата, најавувајќи дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите промени во состојбата.

Continue Reading

Свет

ТАЈНИ СНИМКИ: Дали Русија ќе остане без своите пари?

Европските лидери му ставиле до знаење на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека токму тие имаат последен збор во одлуките за замрзнатите руски средства, објави „Киев Индепендент“, повикувајќи се на транскрипт до кој имал ексклузивен пристап.

Во разговорот меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, лидерите нагласиле дека Европа сама ќе го контролира процесот околу репарацискиот заем за Украина и дека токму ЕУ е единствено одговорна за управувањето со руските имобилизирани средства.

Според истите информации, САД наводно лобирале кај европските земји да ги блокираат плановите за позајмување пари на Киев, што уште повеќе ја вжештило атмосферата во разговорот.

Транскриптот открива дека европските лидери недвосмислено му порачале на Зеленски дека одлуките околу руските средства ќе ги носи исклучиво Европа – без притисоци, без надворешно мешање и без прекинување на веќе дефинираниот план.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг