Connect with us

Инфо +

НАТО сo видео за „Волците“ на АРМ

Македонските специјални сили „Волци“ во Германија извежбуваат операции со американски „зелени беретки“ и колеги од други НАТО-земји, како подготовка за учество во Компонентата за специјални сили на НАТО силите за одговор.

НАТО објави видео со припадници на Баталјонот за специјални намени на АРМ „Волци“, снимени на вежбата „Combined Resolve XV“ што од почетокот на февруари до петок се одржува на воените полигони Графенвоер и Хохенфелс во Германија. Фотографиите и видеото од настанот ги објави агенцијата „Мета“.

– Ние сме припадници на Баталјонот на специјални сили, доаѓаме од Македонија и тука сме веќе неколку пати, во неколку ротации на вежбата „Combined Resolve XV“. Вредноста на оваа вежба е во интегрирањето и интероперативноста со другите членки на НАТО. Горди сме што сме членка на НАТО, вели македонскиот офицер на Специјалните сили „Волци“, Баталјонот за специјални намени на АРМ

– Придобивката од извежбување и интегрирање на сили за специјални операции од повеќе земји во ваква вежба е тоа што составува сценарио во кое можеме да извежбуваме колективна одбрана. Доколку некогаш мораме да споиме заедно различни сојузнички сили, нема да биде првпат како минуваме низ сите системи и процеси кои би морале да ги примениме за да спроведеме операции во мултинационална средина. Ова е извонредна можност не само да ги поврземе межународните сили со американски партнери (единици, н.з.), туку и да ги поврземе меѓусебе, како и со партнерските земји, и да видиме како решаваат проблеми и работат заедно, вели офицер на американските Специјални сили, „зелени беретки“.
Силите за специјални операции од НАТО-сојузниците Македонија и Романија вежбаа интегрирање со конвенционални сили за време на вежбата „Combined Resolve XV“, предводена од САД, која се одржува во Германија од 1 февруари до 5 март.
Операторите од Баталјонот за специјални намени, наречен „Волци“, работеа со нивните сојузнички колеги од 51.Баталјон за специјални операции на романската армија и специјалните сили на САД во поддршка на конвенционалните единици од различни сојузнички и партнерски нации.
На средината на февруари „волците“ и нивните романски колеги ги посетил и заменик командантот на Европската команда на Армијата на САД за специјални операции, американскиот полковник Марк ЛаРош, кој ја истакнал важноста на интероперативноста – способноста на единици од различни земји да дејствуваат заедно.
„Волците“ на вежбата се дел од Наменската група за специјални операции, задолжена за поддршка на операциите на полска механизирана бригада и на американска бригада на борбената авијација.
Вежбата здружува елементи за специјални операции кои се подготвуваат да служат како дел од Командата на компонента за специјалн и операции, предводена од Италија, која же биде дел во идна ротација на НАТО силите за одговор ( NRF – NATO Response Force). Вежбата е важен чекор кон сертифицирање за мисијата на НРФ
Околу 4.700 војници од 10 сојузнички и партнерски земји учествуваат во вежбата „Combined Resolve XV“ на воените полигони Графенвоер и Хохенфелс во Германија. Вежбата е предводена од Армијата на САД, а, покрај македонските, учествуваат и трупи од Босна и Херцеговина, Грузија, Италија, Косово, Литванија, Полска, Романија и Словенија.
За да се заштитат од зараза со ковид-19, сите земји-учеснички ги тестираа своите војници пред и по распоредувањето и ги ставија во карантин пред почетокот на вежбата. Физичкото растојание се одржуваше секогаш кога условите дозволуваа.

Видео:

Advertisement

Балкан

Земјотрес од 4,8 степени во Грција

Силен земјотрес со магнитуда од 4,8 степени ја погоди областа Калаврита во Грција во саботата вечер, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки (GFZ). Епицентарот бил на длабочина од 10 километри, пренесува EMSC.

Првичните извештаи наведуваа магнитуда од 6,3 степени, но подоцна вредноста беше коригирана на 4,8.

Сведоци од областа пријавиле дека почувствувале силен татнеж, по што почнала да се тресе и нивната околина. „За среќа, плочките останаа на место. Епицентарот, изгледа, бил во селото Коутели кај Калаврита“, изјавиле локалните жители.

Засега нема информации за повредени или значителни материјални штети.

Continue Reading

Балкан

Букурешт денеска гласа за нов градоначалник: 1,8 милиони избирачи на изборните места

Денеска граѓаните на Букурешт го остваруваат своето право на глас за избор на нов градоначалник. Се очекува речиси 1.800.000 луѓе да гласаат на 1.289 избирачки места и да го одредат лицето што ќе управува со најголемиот и најбогат романски град до 2028 година, со буџет од 11 милијарди леи.

Изборниот ден започна во 7 часот наутро и ќе трае до 21 часот по локално време. За позицијата, која остана празна по изборот на Никушор Дан за претседател на Романија, се натпреваруваат 15 кандидати, иако на гласачкото ливче се наведени 17 имиња поради повлекување на двајца кандидати во последен момент.

Најмладиот кандидат има 32 години, додека најстариот е 66-годишен. Победникот ќе стане 17-ти градоначалник на Букурешт од 1990 година наваму.

Continue Reading

Балкан

Трагедија во Србија: Семјство од Босна и Херцеговина најдено мртво во куќата по неколку дена

Во семејната куќа во Чачак утрово беа пронајдени три тела на семејство од Босна и Херцеговина, но според неофицијални информации, трагичните настани се случиле неколку дена порано. Сè уште не е познат точниот датум на двојното убиство и, како што се претпоставува, самоубиството, јавува Radiosarajevo.ba.

Сомнежите упатуваат дека 47-годишниот В. Ч. ги убил своите родители, 72-годишната М. Ч. и 79-годишниот Н. Ч., а потоа, како што се претпоставува, си нанел смртоносни повреди на градите и вените. Според извори на „Блиц“, јавноста и полицијата за овој морничав случај дознале дури утрово.

Соседите се во шок, а нови информации за семејството продолжуваат да се појавуваат. Тие се преселиле во куќата од Босна и Херцеговина пред 26 години, на местото каде претходно живеело четиричлено семејство. За време на бомбардирањето на Србија, куќата била оштетена, а тогашниот сопственик извршил самоубиство во дневната соба.

Случајот е во тек на истрага, а полицијата се обидува да утврди сите околности околу трагичниот настан.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг