Connect with us

Инфо +

Не задолжија за 700 милиони евра

Република Северна Македонија денеска ја издаде осмата по ред еврообврзница. Еврообврзницата е во вредност од 700 милиони евра со рочност од седум години и е издадена по историски најниска каматна стапка од 1,625%. Ќе се искористи за рефинансирање на третата еврообврзница од 2014 година во вредност од 500 милиони евра. Нето-повлекувањето по основ на оваа еврообврзница е 200 милиони евра, соопшти вчера Министерството за финансии.

– Исклучително поволната каматна стапка, и покрај ковид-кризата, е резултат на прудентните макроекономски политики и зачуваниот кредитен рејтинг на земјата. Задржувањето на кредитниот рејтинг, а со тоа и довербата на инвеститорите, се должи на преземените политики и четирите пакети мерки за соочување со ефектите од кризата. Високата доверба на инвеститорите се манифестира и преку големиот број на инвеститори кои беа заинтересирани за купување на еврообврзницата, односно над 130 инвеститори сакаа да запишат двојно повисок износ од понудениот или побарувачката беше над 1,6 милијарди евра. Како што беше наведено и при донесувањето на Буџетот за 2021 година, со средствата обезбедени од емисијата на оваа еврообврзница ќе се изврши отплата на надворешниот долг, односно на еврообврзницата издадена во 2014 година која доспева за враќање годинава. Остатокот ќе се искористи за финансирање на дел од буџетскиот дефицит. Еврообврзницата од 2014 година е во износ од 500 милиони евра и беше издадена по каматна стапка од 3,975%, што значи дека сега каматата е за 2,35 процентни поени пониска, наведуваат од МФ.

Земјава претходно има седум пати излезено на меѓународниот пазар на капитал со еврообврзници: во 2005 година со камата од 4,625%, во 2009 со камата од 9,875%, во 2014 со камата од 3,975%, во 2015 со камата од 4,875%, во 2015 година со камата од 5,625%, во 2018 година со камата 2,75% и 2020 со камата од 3,675%.

За издадената еврообврзница денеска прес-конференција ќе одржи министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Балкан

Атина: 38 приведени за време на годишнината од убиството на тинејџерот

Во центарот на Атина вечерва избувнаа судири меѓу демонстранти и полицијата за време на маршот по повод 17-годишнината од убиството на Александрос Григоропулос. Полицијата употреби солзавец и шок-бомби, а 38 лица беа приведени, од кои осум се уапсени.

Тензии се појавија кога дел од демонстрантите се обидоа да се упатат кон квартот Егзархија, но полицијата ги спречи. Метро станиците „Панепистимио“ и „Синтагма“ беа затворени од 17 часот по наредба на властите.

Слични протести се одржаа и во Солун, каде беа приведени десет лица. Убиството на 15-годишниот Григоропулос во 2008 година останува симбол на борбата против полициската бруталност, а годишнината и годинава беше обележана со судири и засилено полициско присуство.

Continue Reading

Балкан

Брод со мигранти се превртел кај Крит: 18 загинати, двајца преживеани

Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 загинати мигранти покрај брегот на Крит, јави грчката јавна телевизија ERT News. Двајца преживеани изјавиле дека ја изгубиле контролата над бродот за време на бура, останувајќи на отворено море без вода и храна.

Сè уште не е познато од каде потекнуваат жртвите, а форензичарите и истражителите работат на утврдување на околностите околу несреќата. Моќна бура беснее во морето околу Крит, со налети на ветер над 90 километри на час.

Според УНХЦР, криумчарски банди продолжуваат да испраќаат мигранти по опасната рута од Тобрук во Либија кон Крит, а речиси 17.000 мигранти пристигнале на островот до почетокот на декември 2025 година.

Continue Reading

Свет

260 животи загубени – Индија испраќа тим во САД да открие што се случило

Индија следната недела ќе испрати тим истражители во САД за да ги прегледаат податоците за смртоносната несреќа на авионот на компанијата „Ер Индија“ од јуни, јавува Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори.

Истражителите ќе соработуваат со Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB) и ќе ги анализираат податоците од црната кутија, како и информации од пилотската кабина на авионот. Целта е индиските експерти да ги споделат наодите и да помогнат во утврдувањето на причините за несреќата.

Засега нема официјална потврда за посетата на тимот од страна на САД. Во авиoнесреќата што се случи во јуни загинаа 260 лица.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг