Connect with us

Спорт

Нов милионер во „Sport life“, мајсторија во Тетово со пет пара

Published

on

Одличен викенд за играчот на Sport Life во Тетово. Со само 5 погодени пара на тикетот и тој се запиша во клубот на „милионери“ на Sport Life. За оваа атрактивна и висока седумцифрена добивка, петте пара на тикетот биле со вкупен коефициент 257, а влогот изнесувал 3.900 денари.

Сите пет натпревари на кои се обложил биле одиграни во саботата, во термини од 14 и од 16 часот, а комбинацијата била по два меча од Германија и од Англија и еден од Суперлигата на Турција.

Спорт

Еурофарм Пелистер го потврди новото засилување: Полскиот десен бек Анжеј Видомски со двогодишен договор!

Published

on

Еурофарм Пелистер, актуелниот шампион на Македонија, потврди дека обезбедил ново засилување за следната сезона. Нов член на „зелените“ ќе биде 22-годишниот десен бек од Полска, Анжеј Видомски, кој потпишал двегодишен договор со клубот.

Видомски доаѓа од полскиот клуб Гвардиа Ополе, каде што играше во Суперлигата. Со висина од 186 сантиметри, овој талентиран ракометар е член на полската репрезентација и се смета за еден од најголемите млади таленти на својата позиција. Се очекува дека ќе има значајна улога во тимот на Еурофарм Пелистер, кој се подготвува за новата сезона.

Новиот играч ќе се приклучи на подготовките на клубот во јули 2025 година, а ќе биде официјално претставен на почетокот на подготовките за сезоната 2025/26.

Ова засилување се очекува да донесе нова димензија во нападот на македонскиот клуб и да ја подигне конкуренцијата во тимот.

Continue Reading

Спорт

Македонија до 17: Пораз од Романија со 3:0

Published

on

Репрезентацијата на Македонија дo 17 години беше поразена со 3:0 од селекцијата на Романија во натпревар од 3. коло на квалификацискиот турнир (Б лига) за пласман во А лигата квалификации за Европско првенство.

Во 26. минута Раду го отвори резултатот. Нинаци во 45. минута ја зголемува предноста на Романија.

Којочариу во 54. минута доби црвен картон, Романија останува со играч помалку, но и тоа не го спречи противникот да постигне уште еден погодок во нашата мрежа. Раду со својот втор гол на денешната средба ги постигна конечни 3:0.

Македонија: Александар Трајков, Кристијан Маркоски, Андреј Димовски, Мухамед Мустафи, Мартин Џангаровски, Стефан Бранковски, Давид Ангелевски, Ненад Дамјановски, Албан Рочи, Лорент Џаку, Дитмир Хоџа;

Селектор: Димитар Капинковски;

Во вториот натпревар од нашата група. Шкотска ја оправда фаворитската улога и славеше со убедливи 8:0 против Лихтенштајн.

Во групата 1 од Лига Б, репрезентација на Шкотска го освои првото место со седум бодови. Романија заврши втора со шест, а Македонија со четири бодови се најде на третата позиција. Без освоен бод, Лихтенштајн заврши на последната четврта позиција.

Continue Reading

Спорт

Македонија до 21 одигра нерешено без голови против Азербејџан

Published

on

Репрезентацијата на Македонија до 21 година одигра нерешено без погодоци против Азербејџан во рамките на втората контролна пресметка што ја одигра нашата селекција на подготовките во Белек, Анталија.

Избраниците на селекторот Горан Станиќ може да жалат што не успеаа да издвојуваат победа, со оглед на големиот број на пропуштени шанси. Македонија беше подобра во текот на целиот натпревар, противникот ниту еднаш посериозно не се закани по голот на Василев.

Во првиот дел Мелиќи на два пати сериозно се закани по голот на Азербејџан. Истиот играч во 30. минута постигна погодок, но главниот судија го поништи поради фаул во напад. Кире Стојанов во 34. минута се најде во добра ситуација, но неговиот удар беше непрецизен. Во 36. минута на Македонија и беше поништен уште еден гол, овој пат поради офсајд. Во недозволена ситуација се најде Димитар Трајков.

Во продолжението од средбата, нашите млади фудбалери продолжија да притискаат и да напаѓаат. Најдобрите прилики во вториот дел ги имаа Кире Стојанов и Адриан Зенделовски.

Контролен дуел во Белек, Анталија;

Репрезентации до 21 година;

Азербејџан – Македонија 0:0 (0:0)

Македонија: Васко Василев, Давид Даиловски, Анес Мелиќи, Ѓорге Џеков, Нуман Ајетовиќ, Димитар Данев (Шабан Зенку), Матеј Ангелов, Адриан Зенделовски, Кире Стојанов (Никола Манојлов), Мартин Ѓоргиевски (Теодор Николовски ), Димитар Трајков;

Селектор: Горан Станиќ;

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк