Connect with us

Инфо +

Вакцините од Фајзер до крајот на март ?

По официјалниот почеток на изградба на далекуводот Штип – Овче Поле премиерот Зоран Заев изјави вакцините од Фајзер ќе ги добиеме до крајот на март.

„Не се работи за наша несериозност во набавката на вакцините. Едноставно, има недостаток во нивното производство. До крајот на март ќе добиеме 21 илјади вакцини од Фајзер, а потоа следуваат и кинеските, и вакцините од Русија. Апелирам дека сите треба да се вакцинираме, да ги следиме упатствата на експертите и здравствените работници“, истакна премиерот Зоран Заев на новинарско прашање.

Advertisement

Свет

Трамп: Ќе ја пресечеме дрогата од Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД се подготвуваат да започнат операции насочени кон копнените маршрути преку кои, според Вашингтон, се пренесуваат пратки со дрога од Венецуела кон северноамериканскиот континент.

Во последните недели Трамп неколкупати јавно предупреди дека ќе нареди директни акции со цел пресретнување на кокатинските пратки што се движат по копнен пат. Во рамките на пошироката кампања против наркокартелите, американската армија веќе делува и во Карипското Море, каде што пресретнува пловила за кои постојат сомнежи дека се користат за шверц на дрога.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро, пак, тврди дека војната против наркокартелите е само прикритие за поширока геополитичка цел. Според него, вистинската намера на Вашингтон е да го смени режимот во Каракас и да стави рака врз богатите венецуелски нафтени ресурси.

Американската администрација засега ги отфрла ваквите обвинувања, но најавите за офанзива по копнените рути дополнително ги заоструваат веќе напнатите односи меѓу двете земји.

Continue Reading

Свет

Украинската армија го сопре големиот руски напад врз Покровск

Украинските сили успеаја да спречат масовен руски напад врз Покровск, притоа уништувајќи цела оклопна колона која се обидела да влезе во градот. Новите снимки од дрон прикажуваат десетици уништени и запалени руски воени возила распоредени долж патот во овој стратешки важен град во источна Украина.

Борбите за Покровск, клучно логистичко јадро во Донечката област, траат повеќе од една година. Иако рускиот претседател Владимир Путин неодамна објави дека градот паднал, украинските власти тврдат дека оваа изјава имала политичка цел – влијание врз мирoвните преговори и обид да се убеди Доналд Трамп во „неминовната“ руска победа. Како доказ дека градот сè уште не е целосно окупиран, Киев истакнува дека украинските сили држат позиции на северниот дел од Покровск, а во вторникот беше објавено видео од украински војници кои истакнуваат знаме на тие позиции.

Пред руската инвазија во февруари 2022 година, во Покровск живееја околу 60.000 жители. Украинските команданти соопштија дека во средата имало невообичаено голем руски механизиран напад во градот, каде Москва, според проценките, концентрирала околу 170.000 војници. „Русите користеа оклопни возила, автомобили и мотоцикли. Конвоите се обидоа да пробијат од југ кон северниот дел на градот,“ соопшти украинскиот 7. корпус за брзо дејствување.

Освојувањето на Покровск, кој се наоѓа на возвишение, би претставувало прв поголем руски успех од падот на Авдиивка во почетокот на 2024 година. Кремљ смета дека контролата врз градот би ја отворила вратата кон остатокот од Донбас – територија чија предавање Путин ја бара како услов во секој можен мировен договор.

Сепак, воените аналитичари предупредуваат дека евентуалниот пад на Покровск не би довел до распад на украинската одбрана. Причината е што Украина со години ги утврдуваше блиските градови Краматорск, Словјанск, Костјантивка и Дружкивка – заедно нарекувани „појасот на тврдини“, кој и понатаму претставува силна линија на отпор.

Continue Reading

Свет

Руската централна банка со алармантно предупредување: ЕУ прави нелегален упад во нашите средства

Руската централна банка денес остро реагираше на најновите предлози на Европската унија за користење на нејзините замрзнати пари, оценувајќи ги како незаконски и во спротивност со меѓународното право. Од институцијата предупредија дека ќе ги употребат сите расположливи правни механизми за заштита на своите интереси.

„Механизмите за директно или индиректно користење на имотот на Банката на Русија, како и сите други форми на неовластено располагање со овој имот, се незаконити и спротивни на меѓународното право, вклучително и прекршување на принципот на суверен имунитет“, соопшти банката.

Реакцијата доаѓа по објавата на Европската комисија од 3 декември, во која се наведуваат две можни решенија за финансирање на потребите на Украина во 2026 и 2027 година. Едно од нив предвидува европските финансиски институции што го држат замрзнат рускиот имот да ѝ позајмат средства на комисијата, која потоа би ја финансирала Украина преку заем за репарации.

Руските власти и претходно предупредуваа дека таквите потези би предизвикале најостра реакција.

Централната банка најави и конкретни правни чекори: спорење на секоја евентуална одлука пред национални судови, пред судски органи на странски држави, меѓународни организации, арбитражи и други надлежни институции. Доколку биде потребно, велат од Москва, ќе следи и постапка за спроведување на судските одлуки на териториите на државите членки на ОН.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг