Мафијашkи преcметки во Топанcко Поле: Жртвите изрешетани cо kалашников

Пукотници ги вознемирија граѓаните на скопската населба Топанско Поле рано утрово, а во престрелката се убиени две лица. Според неофицијалните информации, околу 3 часот утрово со „калашников“ се изрешетени две лица кои седеле во паркирано возило, по што засега непознатите напаѓачи со возило го напуштиле местото и се во бегство.

Две лица од Скопје на возраст 28 и 24 години се пронајдени мртви во автомобил по пријава дека дека на бул.„Македонско – Косовска бригада“ во Скопје се слушнало пукање.

На лице место имаше полициски екипи, а јавен обвинител изврши увид на местото на несреќата по што ќе се знаат повеќе информации.

– Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт кај двете лица. Пронајдени се чаури од огнено оружје (пиштол и автоматска пушка). Утврден е идентитетот на лицата А.Б.(28) и Б.В.(24), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот, се наведува во билтенот на МВР.

Од СВР Скопје велат дека за брзо ќе имаа првични детали за настанот, напаѓачите се сеуште во бегство.