Палат македонски пасоши и се снимаат на ТикТок (Видео)

На социјалната мрежа „ТикТок“ излезе ново видео каде јасно се гледа како се пали македонски пасош.

Во позадина на видеото ставена е и песната „Feeling Good“ која алудира на тоа дека сторителот се чувствува добро со палењето на пасошот.

Палењето на македонскиот пасош е казниво со закон. Имено, според член 178 ова е повреда на угледот на Република Македонија, а исто така ова може да биде казниво и според други закони.