Полицајците денеска се опарија – Добија колективен бонус од 800 илјади евра

„Денеска е исплатена бонус плата за 2018 година, право кое го оствариле 1.881 вработен во МВР. Вкупно се платени 50.736.213 денари (825.000 евра), а поединечен износ на бонусот изнесува 24.276 денари.

Со ваква вест министерот се пофали и во декември лани, кога на 1.624 вработени во Министерство за внатрешни работи, како што тогаш соопшти Спасовски, од сопствени заштеди и домаќинско работење им беше исплатена бонус плата остварена во 2017 година, информираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тогаш поединечениот износ што беше исплатен изнесуваше 22.928 денари за вработен.