Денеска се слават Преподобен Тимотеј и Св. Евстатиј Антиохиски

Преподобен Тимотеј живеел во осмиот век. Се подвизувал како монах во манастирот Символи, на планината Олимп во Мала Азија (таа ни е позната и како место на монашкиот подвиг на св.Методиј Солунски).

Денес се слави и св. Евстатиј, кој на почетокот на четвртиот век бил епископ на Антиохија. Учествувал на Првиот вселенски собор (325 г.), штитејќи го православното учење.

Кога после заминувањето на Константин Велики цар на источниот дел на империјата станал неговиот син Констанциј, за православните епископи настапиле тешки времиња. Евстатиј, како и многу други, бил симнат од катедрата и испратен во заточеништво, во Тракија.