Територијални претензии од Караkачанов за 8 март?

Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов предизвика скандал откако за празникот на жената 8 март честиташе со мапа на Голема Бугарија.

На мапата врз која Каракачанов упатува честитки до бугарските жени е исцртана мапа на Санстефанска Бугарија во која влегуваат и територии на денешна Македонија на запад до Дебар, на Север над Скопје и на југ до Халкидики.

Според честитката Каракачанов го честита празникот и за македонските жени кои ако се суди по мапата ги смета за Бугарки.

Честитката на Каракачанов според сите европски дипломатски протоколи е отворена територијална претензија кон туѓа држава.

Македонските власти без реакција на провокацијата од Каракачанов.

Линк до постот на Каракачанов.

https://www.facebook.com/239611712717792/posts/3999191753426417/