Connect with us

Инфо +

„Е, па ваkво дуп*ње у здрав мозоk нигде нема“

Прочитајте ја оваа спрдачина на Министерот за внатрешни, препорачува новинарот Ивор Мицковски:

“МВР Оливер Спасовски порача: „Има ли нешто поценето од здравјето и животот на граѓаните? Дали во моментите кога се носат вакви одлуки не мислите на починатите лица од Ковид-19? Дали кога седиме во кафеани, ресторани, правење на домашни веселби, не размислуваме дека секој од нас е потенцијална опасност од ширење на вирусот? Одлуките кои мора да ги донесеме никој не ги посакува. Но, тие се резултат на нашето однесување. Ако не почитуваме, не носиме заштитна опрема, се групираме, правиме настани кои со сигурност значат ширење на вирусот, државата мора да реагира“.

Мицковски потсетува дека „додека беше технички премиер, министерот дозволи собирање и групирање за верски обреди и празници. Потоа и сам се зарази кога славеа 1000 години Бигорски за што се создадоа огромни гужви.

После организираа и избори, па избор на градоначалник во Штип после што масовно се групираа и славеа.

Па следуваше срамното ажурирање на членство, каде влегуваа во домови на луѓе, особено на постари лица и се сликаа за ПР.

Секојдневно имаат глупи ПР собиранки кои не значат ништо и кои се постојан ризик за ширење на вирусот.И сега на се тоа сакаат и попис.

Притоа во единствената работа која може да помогне, односно, снабдувањето со вакцини, се покажаа како неспособни и неажурни.

Е па вакво дупење у здрав мозок нигде нема“, пишува Мицковски на Фејсбук.

Прочитајте ја оваа спрдачина на Министерот за внатрешни: Има ли нешто поценето од здравјето и животот на граѓаните?…

Posted by Ivor Mickovski on Tuesday, March 9, 2021

Балкан

ВИДЕО: Градоначалникот на Лерин запре македонска песна

Градоначалникот го прекина бендот „Banda Entopica“ штом запеаја на македонски – „Музиката нема граници“ грмна од бината
Наместо прослава на традицијата, синоќешната манифестација во Лерин се претвори во демонстрација на цензура. Познатиот бенд „Banda Entopica“ беше принуден да престане со пеење во моментот кога одекнаа стихови на македонски јазик.
Традиционалната манифестација „Ден на огновите“, која се одржува во пресрет на Коледе во Лерин, синоќа (22 декември) беше засенета од скандалозна забрана која повторно ги разгоре прашањата за човековите права и употребата на македонскиот јазик во Грција.


Во атмосфера на веселба, популарниот бенд „Banda Entopica“, познат по својот широк репертоар на балкански звуци, ја започна изведбата на македонската народна песна „Софка на татко“. Меѓутоа, веднаш по првите стихови, следеше итна интервенција од страна на градоначалникот на Лерин. Според сведоштвата на присутните и видеата што веќе се шират на социјалните мрежи, на музичарите им било наредено веднаш да прекинат со пеењето на македонски јазик, дозволувајќи им да продолжат исклучиво со инструментална изведба.


„Музиката нема граници“
Обидот за цензура не помина без реакција. Еден од членовите на бендот, кларинетист кој потекнува од Патра, јавно и храбро реагираше пред насобраната толпа.


„Музиката нема граници!“ – порача музичарот од бината, добивајќи аплауз и одобрување од дел од публиката која не се согласуваше со ригидните постапки на локалната власт.


Воскопулос: Ова не е инцидент, ова е континуитет на страв
За настанот реагираше и Павле Воскопулос, долгогодишен активист за правата на Македонците во Грција и член на партијата „Виножито“. Тој посочува дека синоќешниот настан не е изолиран случај, туку потврда дека старите стравови и забрани сè уште живеат во Леринско, Костурско и Воденско.


„Ова е дел од еден подолг континуитет на ограничувања. Иако Преспанскиот договор требаше да ја олесни климата, локалните шерифи и натаму спроведуваат пракса на селективна забрана. Македонското оро може да се игра, но македонската песна не смее да се пее. Тоа е апсурдот на 21-от век,“ коментира Воскопулос.


Тој потсетува дека ваквите сценарија беа секојдневие во 90-тите години, период за кој постојат десетици извештаи од Human Rights Watch, Amnesty International и Greek Helsinki Monitor, кои документирале како грчката држава систематски ја потиснувала културната експресија на македонското население.


Видеото го обиколува регионот
Иронијата на забраната е што таа постигна спротивен ефект. Наместо да се замолчи песната, видеото од прекинувањето на „Софка на татко“ стана вирално. Граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека ваквите потези се во целосна спротивност со европските вредности за кои Грција декларативно се залага.


Додека официјална Атина и Скопје зборуваат за дипломатија, на теренот во Лерин, музиката сè уште се дели на „дозволена“ и „забранета“, во зависност од јазикот на кој се пее.

Видеото може да погледнете тука

Continue Reading

Свет

Русија изврши еден од најжестоките напади врз Украина пред Божиќ

Повеќе од 600 беспилотни летала и околу 30 проектили ја погодија украинската престолнина Киев и енергетската инфраструктура низ земјата, при што загинаа најмалку три лица, меѓу кои и дете. Станува збор за еден од најмасовните руски напади во последните месеци.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека нападите извршени непосредно пред Божиќ јасно покажуваат кои се приоритетите на Москва. Тој предупреди дека Русија подготвува нов бран удари по празниците, оценувајќи дека таквото однесување е „нормално за Русија“. Според него, ситуацијата дополнително се усложнува поради недостигот од системи за воздушна одбрана.

Воздушната тревога била активна во речиси цела Украина, а Министерството за енергетика воведе вонредни рестрикции во неколку региони. Во Киев, делови од градот останале без електрична енергија поради погодената инфраструктура.

Полска соопшти дека подигнала борбени авиони за заштита на својот воздушен простор, поради зголемените безбедносни ризици во регионот.

Украина Божиќ го слави на 25 декември според новиот календар, иако дел од населението сè уште го одбележува празникот и на 7 јануари, како и во Русија.

Во вечерното обраќање, Зеленски најави враќање на украинската делегација од Мајами, каде што се одржале мировни разговори со американскиот специјален претставник Стив Виткоф. Разговорите ги оцени како конструктивни, но без конкретен напредок.

Во меѓувреме, украинските сили извршиле напад врз голема нафтена постројка во Ставропол, управувана од рускиот енергетски гигант Лукоил.

Continue Reading

Свет

Зеленски предупредува: Русија подготвува масивни напади по Божик

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, предупреди дека Русија би можела да започне интензивни напади за време на Божиќ. Во обраќање пред дипломатите во Киев, тој оцени дека е „сосема нормално“ Кремљ да се обиде да изврши масивни напади токму за празникот, нагласувајќи дека Украина се соочува со тешка ситуација поради недостиг на системи за воздушна одбрана.

Иако Украина официјално го слави Божиќ на 25 декември, многу граѓани го почитуваат православниот календар и го слават празникот на 7 јануари, исто како и во Русија.

Зеленски исто така објави дека украинската делегација, која учествуваше на преговори во Мајами со американскиот специјален претставник Стив Виткоф, се очекува денеска да се врати во Украина. Виткоф оцени дека разговорите со украинската и руската делегација биле „конструктивни“, без да навлезе во детали за постигнати договори.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг