Комити собраа 3 милиони за „Спас на Вардар“

Продадени се вкупно 33.381 билет, што претставува рекорд кога се работи за спортски настан во нашата држава, а со тоа собрани се 3.338.100 денари.

Од оваа сума кога ќе се одземе данокот и останатите трошоци, останува нешто повеќе од два милиони денари (2,6), а како што потврдија на прес-конференцијата сите средства веќе се прераспределени кај играчите, тренерите и сите членови во фудбалскиот клуб Вардар.

Видео од денешната прес конференција на навивачката група Комити: