Александар со благороден чин: Немал пари да купи билет, па продавал маски за спас на најсаканиот клуб

Ќе ви раскажеме едно сведоштво од секојдневието на еден од најверните фанови на Вардар, човек со големо срце но и со посебни потреби…Александар Цветковски сакаше да даде свој скромен придонес во Историската Акција Купи билет за спас на Вардар, но немајќи можност лично да придонесе со сопствени средства, се сети дека може да заработи и средствата да ги намени за Спас на Гордоста на Скопје и Македонија – ВАРДАР.

Александар зема да продава заштитни маски за лице на пазарот во населбата Ѓорче Петров, и средствата од продажбата да ги намени за како што вели самиот “мојот најсакан клуб да биде воздигнат од калта во која е западнат”!

Кога некогаш ќе ви биде тешко во животот, ќе се сетите на зборовите на овој јунак, кој издвојува од тоа што нема за Вардар да живее – “ВО СРЦЕ ТЕ НОСАМ МОЈ ВАРДАРЕ”.Ние не знаеме колку средства се собрани од оваа јуначка иницијатива на Александар, но знаеме дека неговиот храбар и благороден чин заслужува секаква пофалба и внимание !

Веќе неколку пати сме спомнале, и пак ќе ти кажеме – Горди сме на тебе Александар, и може да ти ветиме дека ќе се бориме уште посилно заради твојата чест, но и апелираме до сите вас, надлежни и не-надлежни за случувањата – Погледнете што значи Вардар за сите нас, не ги држете сеуште вашите очи и уши ширум затворени, Вардар е нашата емоција, Вардар е нашиот живот !

Ти Благодариме што постоиш Александар ! ВАРДАР ЌЕ ЖИВЕЕ !!!#Емоција#Љубов#Подвиг#ЕденЖивотЕднаЉубов – стои во објавата од навивачкиот клуб Комити на Фејсбук.

Ќе ви раскажеме едно сведоштво од секојдневието на еден од најверните фанови на Вардар, човек со големо срце но и со…

Posted by Komiti Skopje on Thursday, March 11, 2021