БРАВО: Собрани се парите за лекувањето- Кристијан има шанса повторно да застане на нозе!

БРАВО МАКЕДОНИЈО! Собрани се парите за лекувањето на Кристијан Андреев. Неговите родители упатуваат благодарност до сите граѓани кои донираа за тој да може да застане на нозе.

-Среда викаат е среќен ден !! Го потврдувам тоа Среда почнавме, денес Среда СО ПОЛНО СРЦЕ можам да кажам дека му дадовте шанса на Кристијан повторно да ЗАСТАНЕ НА НОЗЕ.
Почитувани познати и непознати ЛУЃЕ во вистинска смисла на зборот.
Сакам да упатам НАЈГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ ДО СИТЕ граѓани на Република Македонија,Mакедонците од дијаспората и сите луѓе од целиот свет што дониравте,а со тоа помогнавте да ги собереме потребните средства за да може Кристијан да замине на лекување во Истанбул.
Кристијан е мојот борец и знам дека ќе ја победиме секоја препрека и ќе дојде денот кога ќе кажеме УСПЕАВМЕ.
Не постои пишан збор кој ќе може да ја искаже мојата благодарност, што и да се каже ќе биде премалку освен да посакам ЗАЕДНО да продолжиме да помагаме таму каде што е најпотребно зошто заедно сме НАЈСИЛНИ и само заедно МОЖЕМЕ и невозможното да го направиме возможно, пишува мајката на Кристијан на Фејсбук.

Среда викаат е среќен ден !! Го потврдувам тоа Среда почнавме,денес Среда СО ПОЛНО СРЦЕ можам да кажам дека му дадовте…

Posted by Vesna Dojcinova Andreeva on Wednesday, March 10, 2021

После сите поминати операции, третмани, голготи… кога родителите очекувале дека Кристијан ќе биде подобро, се случило нешто што воопшто не го очекувале. Кристијан паднал и го скршил колкот. Поради неговата состојба (аутизам и епилепсија) во Македонија не се нафаќаат на операција и истата треба да ја чекаат уште 4 години, бидејќи Кристијан сега е дете и овие операции не се праваат на деца.

Покрај овие состојби Кристијан има и остеопороза што дополнително пречи колкот да зарасне. Секој ден Кристијан пие терапија против болки кои се неиздржливи, неможе да се движи, врзан е за количка. Никој не им гарантира дека Кристијан после 4 години ќе го оперираат и дека ќе може да застане на нозе.

Барајќи го спасот секаде, родителите нашле болница во Турција која се нафаќа да го оперира по Judet Meyers метода за да може Кристијан да оди и да застане на нозе.

Операцијата чини 10.000 евра, кои веќе се собрани благодарение на сите хумани граѓани во Македонија и надвор.