Connect with us

Спорт

Македонија го растури светскиот шампион!

Published

on

Македонија ја забележа третата победа во квалификациите за Европското првенство. Во спортската сала “Борис Трајковски” вечерва падна светскиот шампион Данска со 33-29 (17-13 на полувремето).

Капитенот Кире Лазаров покажа зошто токму тој требаше да го земе кормилото на нашата ракометна репрезентација, и во првиот дуел како тренер играч, падна токму фаворизираната Данска.

Во натпревар во кој водевме и 8 разлика, нашите момци доминираа во текот на целиот натпревар, а огромна улога во овој триумф имаше и голманот Никола Митревски, кој беше брилијантен на голот.

Веќе за три дена во недела, играме реванш со Данците, а потоа следуваат повратните дуели со Финска и Швајцарија.

Состојбата на табелата сега е следна:

Спорт

Импресивна победа на ЖФК Љуботен со 21:0 против ЖФК Порече

Published

on

Женскиот фудбалски клуб Љуботен оствари убедлива победа против ЖФК Порече со неверојатен резултат од 21:0. Со доминантна игра од самиот почеток до крајот на натпреварот, ЖФК Љуботен покажа исклучителна подготвеност и тактичка супериорност.

Овој резултат е доказ за вложениот труд и посветеност на тимот, кој се истакна со брзи акции и ефикасност во нападот. Навивачите со ентузијазам го поздравија овој рекорден резултат, кој ја зацврсти позицијата на ЖФК Љуботен како еден од водечките тимови во лигата.

Continue Reading

Спорт

Димитриевски: Најважно е да победиме на мечот со Летонија

Published

on

Пред натпреварот со Летонија освен селекторот Милевски зборуваше и голманот Столе Димитриевски. Тој посочи дека целта е првото место и сака чиста мрежа.

„Сакам и по овој натпревар да останам со чиста мрежа. Кога нагласувам на прес-конференција дека сакам чиста мрежа, ми носи среќа и се разбира дека тоа ми е целта и за утрешниот меч. Не чувствуваме притисок. На секој меч се борам да не примам гол. Најважно е да победиме и да останеме на првото место. Тоа беше нашата цел и пред оваа Лига нации, тоа е нашата цел и за овие два последни натпревари“, изјави Димитриевски.

Македонија на „Тодор Проески“ ќе се судри прво со Летонците в четврток од 20:45, а в недела во пладневен термин игра против Фараните.

Continue Reading

Спорт

Милевски: Нашата цел е да го потврдиме првото место во групата

Published

on

„Црвено-жолтите“ утревечер (20:45 часот) ја пречекуваат Летонија на Националната арена „Тодор Проески“.

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, очекува неговите избраници да одиграа добри два натпревара во ноемврискиот прозорец од Лигата на нации и да го потврдат првото место во групата.

-Максимален респект за Летонија. Воопшто не треба да не залажува резултатот од првиот меч, одиме максимално, одговорно кон нов добар резултат. Имам потенцирано многу пати дека овие момци, без разлика што им се случува во клубовите, повреди, натпреварувачка форма која е лоша, кога доаѓаат за репрезентација даваат 100%. Нивниот карактер како играчи, но и како личности се перфектни и тоа им помага кога доаѓаат на собир на репрезентација да бидат на највисоко ниво. Тоа што им се случува во клубовите не е во наша моќ, но по она што го покажуваат во репрезентацијата јас имам само пофални зборови. Секој си има план и подготовка. Спремни сме на се она што не очекува околу утрешниот противник. На нас самите е да одиграме. Ме радува што за нештата сами одлучуваме. Морам да го истакнам задоволството од она што го видов како информација на терен што се однесува до новите фудбалери во тимот. Имаат потенцијал за да бидат дел од овој тим, изјави Милевски на вечерашната прес-конференција.

„Црвено-жолтите“ утревечер (20:45 часот) ја пречекуваат Летонија на Националната арена „Тодор Проески“.

Во последниот натпревар од групата, Македонија ќе се соочи со Фарски Острови, на 17 ноември, исто така во Скопје. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк