Connect with us

Инфо +

3aeв ги навpeди Македонците муслимани со „Тopбеши“ – Срамно е да кажете за нас дека не сме Македонци

Published

on

Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија на денешната прес-конференција жестоко одговори на навредите изречени од страна на премиерот Зоран Заев кон Македонците муслимани, но и ја коментираше посебната графа на престојниот попис.

Тој потенцираше дека Македонците муслимани по ништо не се разликуваат од своите браќа Македонци освен по својата вероисповест и како такви не можат да бидат запишувани во посебна графа на престојниот попис туку нивната религиска определба треба да биде запишана во графата за вероисповест.

Тој одговори и на навредите на Заев кој говорејќи за тоа како ќе бидат внесени во Уставот како посебна етничка група ги нарече „Торбеши“ и уште еднаш потенцираше дека Македонците муслимани се нераскинлив дел од македонскиот етникум.

Балкан

ПО НАПИСИТЕ ЗА РАСИПНА ХРАНА СЕ ОГЛАСИЈА ОД КАУФЛАНД – најавуваат темелно чистење и надворешни контролори за квалитет

Published

on

Мувлосано сирење, расипана роба, измет од глувци… по тајна истрага, малопродажниот ланец Кауфланд се најде на мета на жестоки критики. Сега најавуваат план од пет точки за да се отстрани штетата.

По сериозните откритија на RTL и магазинот „Стерн“, Кауфланд се обидува да ја врати изгубената доверба. Обвинувањата се сериозни: забележани се големи хигиенски пропусти во голем број продавници – вклучувајќи мувлосано сирење, фалсификувани датуми на истекување и валкани ракавици. Посебно беа погодени филијалите во Бад Толц и Хомбург во Сар.

Членот на одборот на Кауфланд, Јохен Крац, ја опиша снимката како „болна“. Тврди дека на ниту еден начин не ги исполнуваат стандардите кои треба да важат при ракување со прехранбените производи и чистотата. Сега концернот најавува имплементација на план од пет точки, што самиот Крац го потврди за t-online.

500 милиони евра технологија за ладење

Нова опрема за ладење: За да се обезбеди континуиран ладен ланец, годишно ќе се инвестираат 500 милиони евра во современа технологија за ладење.

– Кога ќе дојде клиентот, ладилните кабинети мора да работат совршено – рече Крац.

Темелно чистење: Во следните недели ќе се изврши опширно генерално чистење во сите германски продавници.

Надворешни контролори за квалитет: Независни институти во иднина ќе ги следат хигиенските стандарди во продавниците. Сите вработени веќе посетуваат обука за свежина и хигиена, а специјално за шалтерите со свежи производи се ангажирани „тренери за свежина“.

Темелно реновирање на канцеларијата во Хомбург: Оваа канцеларија ќе биде затворена околу шест месеци и целосно реновирана. Планираната модернизација во мај сега ќе започне веднаш.

Ново раководство на експозитурата во Бад Толц: Раководството е веќе сменето, а продавницата ќе биде затворена една недела. Персоналот ќе помине интензивна обука за ракување со храна.

Continue Reading

Свет

САД ГИ УКИНА СИТЕ ВИЗИ ЗА ДРЖАВЈАНИ ОД ЈУЖЕН СУДАН Не ги прифатила граѓаните на земјата што Вашингтон ги врати

Published

on

Американската влада објави дека ги укинува сите американски визи издадени на граѓаните на Јужен Судан.

Причината е неисполнетата заложба на преодната влада на Јужен Судан да ги прифати назад граѓаните на земјата што ги врати Вашингтон.

Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека администрацијата е подготвена да ја разгледа таа одлука штом Јужен Судан му даде целосна соработка на Вашингтон по ова прашање.

– Јужен Судан не го почитуваше принципот дека секоја земја треба веднаш да ги прифати своите граѓани вратени од други земји, вклучително и од САД – истакна Рубио.

„Веднаш стапува во сила одлуката на Стејт департментот на САД да ги суспендира визите на секој што има државјанство на Јужен Судан со цел да се спречи влез на лица со такво државјанство на територијата на САД“, се вели во соопштението на државниот секретар.

Continue Reading

Балкан

УЛЦИЊ НЕ ГО ДАВАМЕ Абазовиќ се противи на дел од брегот да градат арапски инвеститори

Published

on

Поранешниот премиер на Црна Гора и лидер на Движењето УРА (МОСТ), Дритан Абазовиќ, за албанска А2 Си-Ен-Ен, по протестот организиран од општина Улцињ, која се противи на одлуката на црногорската влада да даде дел од брегот на арапски инвеститори, изјави дека „оние кои се за овој проект сакаат да го искоренат Улцињ и Албанците“.

Тој додаде дека станува збор за крајно нетранспарентен процес, против кој било закон и во спротивност со Уставот, нагласувајќи дека зад ова стои голема корупција и оти тие се обединети во Улцињ да го заштитат нивното крајбрежје”.

– Партиите кои се за овој проект имаат два начина: или да ги искоренат Улцињ и Албанците, или да бидат на страната на граѓаните. Ние во Собранието ќе направиме голема кампања. Мислам дека на крајот ќе успееме да го заштитиме нашиот Улцињ. Нема да дозволиме никој да ни го земе градот – порача тој.

Четириесетгодишниот Абазовиќ е од албанска националност, роден е во Улцињ, премиер на Црна Гора беше од април 2022 до октомври 2023 година, а сега е пратеник.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк