Артан Груби добил плакета, а не се ни поклонил пред спомент плочата на загинатите припадници на ЕСЗ Тигар (фото)

Денеска се одбележува 40 години од формирањето на Единицата за специјални задачи Тигар.

Во касарната Илинден, државниот врв предводен од претседателот на владата Зоран Заев положи свежо цвеќе пред споменикот изграден во чест на загинатите припадници на ЕСЗ Тигар.

Во делегацијата беше и министерот Артан Груби кој не се поклонил пред споменикот иако добил плакета и бил почесен гостин на церемонијата како што се вели на Твитер.