Connect with us

Инфо +

Гостиварчанка го натепала сопругот во кафеана

Published

on

„Во текот на вчерашниот ден, во 16.10 часот С.А пријавил дека истиот ден околу 15 часот, бил физички нападнат со тврди предмети од неговата сопруга С.С. (59) од Гостивар во угостителски објект“, информира МВР.

С.С. е приведена и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, вели МВР

Свет

Единаесет мртви во Ванкувер: Напаѓачот имал нарушено ментално здравје

Published

on

Ванкувер го потресе трагичен настан откако 11 лица беа убиени во саботата навечер за време на уличен фестивал, соопшти полицијата денес. Според првичните информации, осомничениот напаѓач, 30-годишен маж, имал долга историја на ментални нарушувања и претходни контакти со полицијата и служби за ментално здравје.

„Лицето кое го приведовме има значајна историја на интеракции со нашите служби и со експертите за ментално здравје“, изјави началникот на полицијата во Ванкувер, Стив Раи, на вонредна прес-конференција.

Тој додаде дека засега „нема индиции дека станува збор за терористички напад“, а напаѓачот, кој делувал сам, бил совладан од граѓаните пред да пристигне полицијата. Сведоци пренесуваат дека толпата била на работ да го линчува, но полицајците интервенирале навреме и спречиле дополнителна трагедија.

Нападот се случил нешто по 20 часот, за време на одржувањето на културниот настан „Денови на Лапу-Лапу“, фестивал организиран од филипинската заедница во квартот Сансет он Фрејзер. Западна Канада, особено областа околу Ванкувер, е дом на бројни азиски заедници – Филипинци, Кинези, Индијци – кои денес се во шок од нападот.

Инцидентот ја вжешти атмосферата пред парламентарните избори закажани за понеделник. Кампањата, во која доминираше темата за економските тензии со САД и агресивната реторика на американскиот претседател Доналд Трамп, сега е засенета од трагедијата.

Премиерот Марк Карни, кој важи за фаворит според последните анкети и се прикажува како заштитен ѕид од американскиот политички притисок, веднаш го промени распоредот за последниот ден од кампањата и изрази сочувство до жртвите и нивните семејства.

Continue Reading

Свет

Над 40 загинати и повеќе од илјада повредени во експлозијата во иранското пристаниште: Властите ја соопштија причината за експлозијата

Published

on

Експлозија во иранското пристаниште Шахид Раџаи: 40 загинати, над илјада повредени

Бројот на загинати во вчерашната силна експлозија што го потресе јужниот брег на Иран се искачи на 40, а повеќе од 1.000 лица се повредени – соопштија денеска иранските медиуми повикувајќи се на официјални извори.

Според првичните информации од царинската служба, причината за трагедијата е најверојатно пожар што избувнал во складиште со опасни и хемиски материи, лоцирано во близина на оперативната зона на пристаништето Шахид Раџаи.

Ова стратешки важно пристаниште, сместено на брегот на Персискиот залив, на повеќе од 1.000 километри јужно од Техеран, претставува еден од клучните трговски центри на земјата. Инцидентот сериозно ја наруши работата на товарниот сообраќај и предизвика паника меѓу локалното население.

Потсетуваме, во 2020 година ова пристаниште беше цел на кибер-напад кој предизвика сериозен застој во логистичките процеси и испораките. Властите сега не исклучуваат ниту можноста за саботажа, но официјална истрага сè уште е во тек.

Continue Reading

Свет

Саудиска Арабија и Катар ќе го отплатат долгот на Сирија кон Светската банка

Published

on

Саудиска Арабија и Катар денеска соопштија дека ќе го отплатат долгот на Сирија кон Светска банка, што изнесува околу 15 милиони долари. Најавата за отплата на долгот уследи неколку дена откако гувернерот на сириската Централна банка и сирискиот министер за финансии учествуваа на пролетните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка.

– Оваа обврска ќе го отвори патот за продолжување на поддршката и операциите на Светската банка во Сирија, по прекин од повеќе од 14 години. Тоа ќе ѝ обезбеди на Сирија и пристап до краткорочна финансиска поддршка за развој на критичните сектори, се наведува во заедничкото соопштението.

Голем дел од инфраструктурата на земјата е уништена за време на 14-годишната граѓанска војна. Новите сириски власти работат на повторно поврзување со меѓународните институции за да ја поддржат обновата на земјата, да ја оживеат економијата и да обезбедат укинување на санкциите.

Светската банка ја прекина соработката со Сирија на почетокот на конфликтот.

Сириските власти се надеваат дека богатите земји од Персиски Залив ќе помогнат во обнова на земјата. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк