Connect with us

Инфо +

Растурени две забави синоќа во Скопје

Published

on

Државниот пазарен инспекторат вчера вечер затворил две познати кафулиња кои се наоѓаат во центарот на Скопје, објави СДК.МК.

Според фотографиите објавени од ДПИ може да се забележи дека и двете места се преполни со луѓе.

Инаку, според ковид протоколите за работа на угостителски објекти на сила е забраната за секаков вид на забави, во живо музика, како и погласна музика од 55 db.

Исто така, масите треба да се со растојание од 1,5 метри, додека пак на една маса можат да седат најмногу четири лица.

Македонија

ЦВЕТАН ПАНДЕЛЕСКИ НЕМА МИР ОД ОБВИНИТЕЛКАТА ЛИЛЕ СТЕФАНОВА После 48 месеци истрага за „Империја“, пак ќе одговара за наводна измама на Кираца Трајковска

Published

on

Обвинителката прави обид да вметне нови 14 лица, поранешни акционери на „Фершпед“, како потеницијално оштетени. Овие 14 лица веќе воделе обвинителен предмет против Кираца Трајковска, во кој токму неа ја товарат како обвинета, тврди бизнисменот Панделески.

Иако Јавното обвинителството пред 6 месеци ги повлече двете дела против Цветан Панделевски во случајот „Империја“, обвинителката Лиле Стефанова со упад во судскиот процес се обидува да го продолжи процесот за третото непостоечко кривично дело измама кон Кираца Трајковска.
Ова се тврди во дописот што Панделески го упати до медиумите, под наслов: „Хајката на Лиле Стефанова против мене продолжува. Јавното обвинителство го користи како приватна адвокатска канцеларија“.

Во продолжение, текстот на дописот од Цветан Панделески:

„Сакаме да укажаме на македонската јавноста за неетичкото и непрофесионалното делување на обвинителката Стефанова, која кон судот и кон Панделевски како неправедно осомничен се однесува според нејзините лични интимни желби и закажува рочишта, се повлекува од истите, дополнува обвинителни акти, спојува различни предмети, се со едниствена цел да му се наштети на Панделевски без никави материјални докази.

Од првиот момент на обвинението против Панделевски, сите аргументи кои одбраната ги изнесе во јавност во текот на рочиштата беа потврдени. Така што сакаме и денеска да потсетиме на сите судски процесни свесни грешки на Лиле Стефанова.

1. Лиле Стефанова и ЈО според начелното правно мислење на Врховен суд од 30.01.2019 не се овластени тужители за преземање на јавнообвинителски работи во предистражни и истражни дејствија. Ова е потврдено и со решението на Врховен суд за укинување на мерката притвор против Панделевски од 04.03.2019 во кое е јасно кажано дека СЈО не е овластен тужител.

2. Максималниот рок за истражна постапка за сложени дела од организран криминал може да се води 21 месец, во кој рок ЈО е должно во согласно член 303 и 301 од ЗКП да ја запре истражната постапка доколку не поднесе обвинение. Стефанова обвинението го поднесува дури после 48 месеци или цели 4 години.

3. По завршување на истражната постапка и истекот на роковите, Јавниот обвинител е должен во рок од 15 дена да поднесе обвинение или за кривични дела од организран криминал тој рок е 30 дена. Во случајот, Стефанова тоа го прави цели 8 месеци по запирање на истрага. Оваа повреда е веќе утврдена и со постоечка пракса на Врхoвниот суд со која се смета дека е веќе запрена постапката доколку не е испочитуван дадениот рок од 30 дена (одлука на Врховен суд, РСМ КВП 223/2006, од 14.02.2007).

4. На рочиштето во јуни оваа година, Стефанова со најава дека ќе врши допрецизирање на обвинението всушност манипулативно во записникот се обидува да направи сосема нов обвинителен акт, додавајќи нови дејствија на штета на Панделевски,, со вметнување на 14 лица акционери на Фершпед, кои воопшто не се опфатени со обвинителниот акт кој веќе е на сила и по кој веќе постапува судот.

Стефанова, свесно знаејќи дека не постои кривично дело Измама на Кираца Трајковска од страна на Цветан Панделевски, прави обид да вметне како потеницијално оштетени нови 14 лица, поранешни акционери на Фершпед. Мотивите на обвинителката Стефанова, која наместо обвинител настапува како личен адвокат на Кираца Трајковска, се дотолку нејасни, имајќи предвид дека овие 14 лица веќе воделе обвинителен предмет против Кираца Трајковска, во кој токму неа ја товарат како обвинета.

Како и зошто за обвинителката Стефанова, Кираца, наместо обвинета станува измамена, веројатно одговор треба да даде некоја идна истрага!

Лиле Стефанова, и покрај тоа што ги менува обвинителствата и тоа од СЈО, па ОЈО Радовиш, во ОЈО ГОК, па сега во ЈО РСМ, постојано и во континуитет прави притисок врз Цветан Панделевски за време на целото траење на постапката со закани кон семејството и кон него тој лично да признае вина, со цел да му се наштети со измислено кривично делo, притисок кој може да се толкува и како неуспешен обид за рекет кон него“.

Извор: Плус Инфо

Continue Reading

Македонија

Ѓорѓиевски инвестира во подобро образование: Реконструкција на училници во ООУ „Кузман Шапкарев“

Published

on

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, продолжува со инвестиции во образованието, овој пат со реконструкција на 11 училници во основното училиште „Кузман Шапкарев“ во населбата Драчево. Со санација вредна 1.250.000 денари, која е финансирана од буџетот на општината, ќе се подобрат условите за учење за 643 ученици од прво до деветто одделение.

Работите опфаќаат реновирање на подови на површина од 360 квадратни метри, а со завршувањето на планираните активности училиштето ќе добие значително подобрени просторни и функционални капацитети.

„Со оваа санација, заедно со веќе завршената доградба на две нови училници и планираната доградба на уште три, создаваме услови учениците од ООУ „Кузман Шапкарев“ да посетуваат настава само во една смена,“ истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

Едносменската настава, како што нагласи тој, носи бројни предности – повеќе време за воннаставни активности, спорт, дружење и семејство. Оваа иницијатива, која наскоро ќе биде реализирана во сите основни училишта на територијата на Општина Кисела Вода, е дел од заложбите за создавање подобри услови за образование и квалитетно учење.

Ѓорѓиевски продолжува да го поставува образованието како приоритет, правејќи вистински чекори кон иднината на учениците во општината.

Continue Reading

Македонија

Царината заплени предмети со неверојатна вредност

Published

on

Царинските службеници минатата недела спречија серија обиди за криумчарење разна стока, вклучувајќи златни монети, лекови, фотоапарати, автоделови и спортска опрема.

На граничниот премин Табановце, царинските службеници открија пет златни монети со проценета вредност од половина милион денари во чанта на сопатничка, украинска државјанка. По извршената контрола, за сопственик на златото се пријавил германски државјанин, кој исто така патувал во истото возило, управувано од државјанин на Србија.

„Ова е еден од позначајните случаи на спречување на нелегален внес на скапоцени предмети. Со ваквите акции покажуваме дека царината е ефикасна во откривање и спречување на вакви активности“, изјавија од Царинската управа.

На Меѓународниот аеродром Скопје, царинските службеници открија 1.200 таблети Plaquenil, лекови кои се користат за третман на автоимуни болести. Лековите беа пронајдени во куфер на државјанка на Босна и Херцеговина која пристигнала со лет од Истанбул.

„Овие лекови се дел од контролирани супстанции, а нелегалниот нивен внес може да претставува сериозен ризик по здравјето на граѓаните,“ додадоа од Царината.

Професионални фотоапарати и опрема за фотографирање беа откриени на граничниот премин Табановце во возило управувано од македонски државјанин.

Во автомобил со косовски таблички, царината пронајде 74 делови за мобилни телефони скриени во просторот за резервна гума. Вредноста на откриената стока изнесува 204 илјади денари.

Четири турбо компресори за возила беа пронајдени во надворешна преграда на товарно возило со српски регистарски таблички.

Во уште еден случај, службата за мобилен скенер на царински терминал Табановце откри 13 карате кимона и 47 пара боксерски ракавици, скриени во просторот за палети на камион со македонски таблички.

„Овој случај покажува дека нелегалниот транспорт на спортска опрема е сè почест. Благодарение на скенирањето и деталните контроли, успешно ги спречуваме ваквите обиди“, посочија царинските претставници.

Царинската управа продолжува со засилените контроли на граничните премини и апелира до граѓаните да ги почитуваат законите и да избегнуваат нелегални активности.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк