Растурени две забави синоќа во Скопје

Државниот пазарен инспекторат вчера вечер затворил две познати кафулиња кои се наоѓаат во центарот на Скопје, објави СДК.МК.

Според фотографиите објавени од ДПИ може да се забележи дека и двете места се преполни со луѓе.

Инаку, според ковид протоколите за работа на угостителски објекти на сила е забраната за секаков вид на забави, во живо музика, како и погласна музика од 55 db.

Исто така, масите треба да се со растојание од 1,5 метри, додека пак на една маса можат да седат најмногу четири лица.