ЕУ ни бара КОВИД пасоши, а не ни даде НИЕДНА ВАКЦИНА

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, прашува како тоа ЕУ планира да бара ковид пасоши и да ги признае само вакцините кои унијата ги одобри, а не дала за земјата ниду една вакцина.

Вучиќ се сомева дека ќе биде прифатен предлогот, но доколку се прифати потецира дека нема да биде фер кон многу земји.

– И, како мислите да има ковид пасош, а не ни доставивте ниту една вакцина? Кои сме ние? Што сме ние? Тие не сакаат да признаат дека сме поминале подобро. Претпоставувам дека треба да бидеме полоши од нив, за да бидеме добри – рече Вучиќ.

Вучиќ исто така потсети дека голем број унгарски граѓани биле вакцинирани со кинески вакцини, вклучувајќи го и премиерот на таа земја, Виктор Орбан.

– Имате вакцини кои немаат контраиндикации. Некои вакцини се толку безбедни што ќе им се даваат на бремени жени и деца. Кога имаме доволно од нив и кога тоа е дозволено во Кина, па дури и во други земји, немам проблем да го вакцинирам малиот син, не само постарите деца – рече претседателот на Србија.

Вучиќ рече дека пак од друга страна дека таквата најава ковид пасоши на ЕУ ќе и отвори економска шанса на Србија, бидејќи скоро цела Азија ќе биде блокирана да влезе во ЕУ.

– Нека дојдат луѓето кај нас. Тие ќе потрошат повеќе пари во Србија. Што се однесува до ЕУ, само вие се затворате – рече Вучиќ.

Вучиќ рече дека кинеската вакцина ќе ја прими во четврток или петок, истакнувајќи дека со таа вакцина нема да може да оди во Брисел.