Граѓаните на мрежите со онлајн петиција за повлекување на Гарванлиев како македонски претставник на Евровизија

По реакциите кои ги предизвика евровизискиот претставник на Македонија Васил Гарванлиев, кој со спотот чии кадри најави дека ќе се избришани каде случајно во позадина се најдоа боите на бугарското знаме, но и негоавта изјава дека е бугарски државјанин, предизвикаа многу реакции во јавноста, најново е онлајн петицијата со која граѓаните на мрежите бараат да се повлече Гарванлиев како претставник на Македонија на Евровизискиот натпревар.

Своја реакција имаше и Светскиот македонски конгрес на Тодор Петров, кој вели дека МРТ мора да го повлече Гарванлиев за претставник на Македонија затоа што станува збор за невиден скандал и неговото учество треба да биде откажано.