Connect with us

Инфо +

500.000 евра ќе добие Арачиново за патишта, ИАКО ТАМУ НЕ СЕ ПЛАЌА ДАНОК

Published

on

Арачиново ќе добие 500.000 евра од владата за патна инфраструктура. Владата го спреми пакетот од 70 милиони евра за македонските општини, а се што треба да направат општините за да ги добијат парите е да достават проекти до Министерството за транспорт и врски, за што конкретно ќе ги користат парите.

Парите не можат да се вратат бидејќи се заем од Светска банка за развој на локалната самоуправа.

80 општини имаат право да аплицираат, додека сумата што ќе ја добие секоја општина е заснована на бројот на население во таа земја. Поточно, за Арачиново, позната како општина каде не се плаќа данок на имот, ќе бидат издвоени 500 илјади евра за реконструкција на патиштата.

Арачиново може да ги добие парите иако не плаќа данок на имот.

Истражување на Центарот за граѓански комуникации за наплата на данок за имот за 2017, 2018 и 2019 година покажа дека Општина Арачиново е единствената општина која воопшто не наплаќа данок за имот. Тоа предизвика негативни реакции во јавноста, особено заради одлуката на Владата на 11 декември 2020 година да го помогне Арачиново со 500.000 евра неповратна помош.

Европа

Макрон ја повика Русија да го прифати договорот за прекин на огнот

Published

on

Францускиот претседател Емануел Макрон го повика Кремљ да го прифати предложениот 30-дневен прекин на огнот, инициран од страна на САД и Украина. Макрон за оваа тема разговарал со британскиот премиер Кир Стармер и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски во своето вечерно обраќање истакнал дека со Макрон се фокусирале на дипломатските напори и техничките детали за евентуалниот прекин на огнот. Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, најавил дека Украина веќе формира тим за развој на механизми за мониторинг во случај на прекин на огнот.

Continue Reading

Европа

Зеленски: Украина тагува со нашите македонски пријатели на овој тажен ден

Published

on

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази сочувство до семејствата и најблиските на жртвите, претседателката Гордана Сиљановска Давкова и македонскиот народ, за трагедијата во Кочани.

– Трагична вест за смртоносен пожар во Кочани… Украина тагува со нашите македонски пријатели на овој тажен ден – напиша Зеленски на социјалната мрежа Х.

Тој на повредените им посака брзо закрепнување.

Continue Reading

Свет

Кога е во прашање Путин, на Трамп му остана уште една опција

Published

on

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави оваа недела дека САД би можеле да „извршат разорни потези“ на руската економија за да ја натераат Русија да постигне мировен договор со Украина.

Меѓутоа, постои граница за тоа што Трамп може да направи против Русија, велат аналитичарите за Newsweek.

Тие истакнуваат дека Путин веќе три години води војна против Украина, и покрај тешките економски санкции од Западот. И вчера јасно стави до знаење дека е подготвен за примирје само ако тоа вклучува услови кои Киев многу тешко би можел да ги прифати.

Експертите веруваат дека најдобрата опција за Трамп да изврши притисок врз Москва е нешто што можеби најмалку е подготвен да го направи, а тоа е многу посилен притисок на извозот на руска нафта и гас, кои се главни извори на приходи за Русија и помагаат во финансирање на војната во Украина.

„Ако сакате побрзо решение за конфликтот во Украина, тоа е она што треба да го нападнете, континуираната продажба на руски енергенти“, изјави Емили Килкрис, виш соработник во Центарот за нова американска безбедност, додавајќи дека тоа е единственото што останало.

Но, таа верува дека администрацијата на Трамп можеби ќе се двоуми да преземе таков комплетен пристап за енергетски санкции против Русија, бидејќи тоа би предизвикало дополнителни економски потреси во САД, кои веќе се засилени поради трговската политика на Трамп.

Аналитичарите сметаат дека новото зголемување на цените на горивата предизвикано од построги енергетски санкции против Русија може да се одрази на американските гласачи поради Трамповото ветување да ги намали тие цени.

Марко Финли, експерт за енергија на Институтот Бејкер при Универзитетот Рајс, предвидува дека САД ќе бидат многу внимателни во врска со санкциите кои би можеле да го исфрлат руското нафтено производство од пазарот.

Западот во 2022 година го постави рускиот енергетски сектор како цел на поширок пакет економски санкции, координирани од САД, Европската унија и земјите-членки на Г7. Мерките вклучуваа забрана за извоз на руска сурова нафта преку море и ограничување на цената на руската нафта до 60 долари по барел.

Санкциите имаа за цел да го ограничат профитот на Москва, без да го прекинат целосно снабдувањето на земјите зависни од Русија. Но, и тогаш, Русија најде начин да ги заобиколи санкциите и продолжи да извезува нафта преку морски патишта.

Русија продолжи да извозува природен гас во делови од Европа и го зголеми снабдувањето со Кина, Индија и други земји кои не воведоа санкции.

Според извештајот на Ројтерс, руските приходи од нафта и гас се зголемиле за 26 отсто на 108 милијарди долари минатата година, а ЕУ во 2024 година потрошила повеќе на руска нафта и гас отколку што издвоила за финансиска помош за Украина.

Сега постојат неколку чекори што САД и нивните сојузници би можеле да ги преземат: намалување на горната граница на цените на руската нафта, сузбивање на извозот преку море и воведување вторични санкции за компании и трговски партнери, како што е Кина, кои продолжуваат да купуваат руски енергенси.

Експертите за енергија сметаат дека засилените санкции врз рускиот енергетски сектор ќе го разгневат Кремљ, а тоа ќе бара координација со сојузниците, што би било комплицирано, пишува Newsweek.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк