Асани навел дека ја породил Веапоска со машко бебе, а таа дома си отишла со женско!

Директорот и гинеколог на болницата во Струга д-р Мухамед Асани во изјавата пред членовите на Лекарската комора навел дека родилката Јелдз Веаповска ја породил со машко бебе, а таа дома си дошла со женско бебе, објави „Слободен печат“.

Според  целосниот извештај од спроведениот стручен надзор на Лекарската комора, за случајот каде на медицинската сестра од Дебар Веапоска, извадени и беа матка, бубрег и јајник, иако во струшката болница отишла само за да се породи.

Во извештајот пишува дека кај родилката настапило крварење од артерија на левата страна, па затоа морале да го вадат и бубрегот.

Со оглед на тоа што крвниот сад не можел да биде реконструиран, оперативната екипа била принудена да направи левострана нефректомија” пишува во извештајот од Лекарската комора кој содржи 10 страници – пренесува Слободен печат.