Дуа Липа во прекрасно издание на доделувањето на Греми наградите

Дуа Липа на овогодинешните Греми беше номинирана за вкупно шест награди, и триумфираше во категоријата најдобар поп-вокален албум.

Убавата Англичанка, по потекло од Косово, воодушеви и со настапот во живо – ги отпеа своите мегахити „Левитација“ и „Не започнувај сега“ на доделувањето на наградите во Лос Анџелес.

Музичарката најпрво се појави на сцената во преголем розов фустан, подоцна блескаше во сако со јакна и за последната шестминутна изведба избра дводелен блескав костум во кој гордо ја покажа својата беспрекорна фигура.

– Преплавена сум од емоции! Вакви работи се случуваат само во најлудите соништа! Се надевам дека никој нема да ме разбуди и да ми каже: ‘Добро, сега е време за училиште!’ – рече 25-годишната Дуа Липа откако дозна дека освоила шест номинации за престижната музичка награда.

Погледнете го перформансот на следното видео: