Connect with us

Инфо +

Мерко “пиел” по 136 кафиња или “јадел” 33 стекови секој работен ден НА СИЛА

Ако се направи математика за трошоците направени на име репрезентација на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко кој од општинскиот буџет лани потрошил 27.500 евра за репрезентации, односно за јадење и пиење по ресторани, ќе се дојде до интересни податоци.

Ако се анализираат само работните денови од понеделник до петок Мерко кој е кадар на ДУИ трошел по над 6600 денари дневно.

Ако се претворат овие пари во кафиња кои во Струга чинат околу 50 денари тоа значи дека Мерко пиел по 136 кафиња на ден.

Ако бил на кафе со уште тројца луѓе Мерко пиел фантастични 34 кафиња на ден.

Ако се претворат парите во пилешки стекови кои чинат по околу 200 денари цела порција Мерко јадел по 33 на ден односно по 16 ако бил со најмалку уште еден човек на службен ручек.

Ако на ручек одел со тројца луѓе тогаш градоначалникот јадел по 8 стекови на ден.

Сите овие математики се случувале во ситуација кога голем дел од времето лани кафеаните беа затворени поради коронакризата.

Мерко пред неколку години не се срамеше да признае дека набавил службено возило вредно над 70 илјади евра додека општина Струга мака мачеше да ги сервисира своите обврски.

Како што објави ТВ Алсат, во изминатите три години, односно за 2018, 2019 и 2020 таа сума изнесува скоро 78.000 евра. Парите се трошени од програмата „Градоначалник – за расходи и репрезентација“.

– Лани во услови кога имавме вонредна состојба, кога угостителските објекти работеа со рестрикции, се потрошени 27.000 евра. На тој начин се злоупотребени парите на граѓаните… На последната седница градоначалникот не го негираше фактот дека тие пари се потрошени за репрезентација, вели Ален Деребан, советник од ВМРО ДПМНЕ.
Реакција има и од Алијанса на Албаците:

-Каде и кога јадевте ручеци и вечери кога знаеме дека од 11 март бевме во изолација? Долго време рестораните беа затворени, кога повеќе од 4 лица сè уште не можат да се соберат и да јадат во ресторан? Каде потрошивте 27.500 евра за репрезентација?, прашува Рајмонда Мамуди, општински советник од партијата Алијанса на Албанците.

Свет

Вашингтон на работ на преседан: во Конгресот поднесен закон за излез од НАТО

Републиканскиот конгресмен Томас Маси одлучно го крева гласот против долгогодишното учество на САД во Северноатлантската алијанса (НАТО), поднесувајќи сензационален предлог-закон во Претставничкиот дом со директно барање за повлекување на земјата.

Неговата иницијатива, именувана како „Закон за недоверливата организација“, не штеди зборови: НАТО е етикетирана како „реликвија од Студената војна“, бесцелна организација која го изгубила своето оправдување откако Советскиот Сојуз се распадна пред повеќе од три децении.

Кабинетот на Маси соопшти дека учеството во Алијансата ги чинело американските даночни обврзници трилиони долари. Конгресменот жестоко реагира:

„Нашиот Устав не санкционира континуирано учество во странски конфликти; нашите татковци-основачи предупредуваа против тоа. Америка не треба да биде заштитник на светот, особено кога богатите земји одбиваат да плаќаат за сопствената одбрана.“

Доколку оваа легислатива помине, американскиот претседател би бил обврзан во рок од само 30 дена да го извести НАТО за формалното повлекување на САД. Згора на тоа, законот строго би забранил користење на парите на американските даночни обврзници за финансирање на буџетите на Алијансата.

Истовремено, сопартиецот на Маси, сенаторот Мајк Ли од Јута, веќе го поднесе идентичниот предлог-закон и во Сенатот, најавувајќи двоен фронт против Алијансата.

Оваа иницијатива добива на тежина во светло на претходните изјави на поранешниот претседател Доналд Трамп, кој постојано се закануваше со повлекување на САД, критикувајќи го недоволното трошење за одбрана од страна на европските сојузници.

Иако земјите-членки, по неговите остри критики, се обврзаа на зголемување на трошоците за одбрана до 5 отсто од БДП до 2035 година, прашањето за напуштање на НАТО останува жешко.

За време на администрацијата на Џо Бајден, Конгресот одобри закон за забрана на повлекување на САД од НАТО од страна на кој било претседател. Сепак, како што алармира „Политико“, Трамп би можел да се обиде да ја заобиколи оваа забрана, повикувајќи се на своите широки претседателски овластувања во надворешната политика.

Continue Reading

Свет

Лавров тврди дека од сите западни лидери, само Трамп ја разбира Русија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска оцени дека американски претседател Доналд Трамп е единствениот западен лидер кој има реално разбирање за ставот на Москва во однос на војната во Украина. Според државната агенција ТАСС, Лавров го издвоил Трамп како реток политичар на Западот кој „ја сфаќа руската позиција“, пренесе „Скај њуз“.

Во своето обраќање, Лавров остро се осврна и на политиките на Обединетото Кралство и Европската Унија, наведувајќи дека двете страни се наоѓаат во „политичко слепило“ и оперираат со илузии дека можат да ја надмудрат или надвладеат Русија.

ТАСС дополнително пренесува дека шефот на руската дипломатија истакнал оти Москва нема намера да влезе во воен судир со европските држави. Сепак, тој предупреди дека Русија е подготвена да реагира доколку западни трупи бидат испратени на украинска територија.

Continue Reading

Балкан

Србија на тест: Дали реформите ќе ја отворат вратата кон ЕУ?

Преговорите за пристапување на Србија кон Европската Унија, започнати во 2014 година, се многу бавни. Годините минуваат, ветувањата остануваат неисполнети, а виталните реформи се. На Европската Унија ѝ е преку глава, па сега со зголемен притисок бара од Белград конечно да докаже вистинска посветеност.

Пораката беше јасна како ден: „Очекуваме Србија да покаже посветеност, со дела како и со зборови“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на нејзината посета на Белград на 15 октомври.

Овој остар тон беше дел од нејзината турнеја низ Западен Балкан, наменета за инспекција на напредокот на земјите кандидати. Истиот ден, Фон дер Лајен му испрати отворена покана на српскиот претседател, Александар Вучиќ, да допатува во Брисел еден месец подоцна, за заедно да направат „биланс“.

Долгоочекуваната средба била дискретно одложена. Причината била наводно дека Србија немала значаен напредок што би го претставила пред европските лидери.

Сепак, конечно има термин: во вторникот (9.12) беше потврдено дека претседателот Вучиќ денес патува за Брисел на средба со врвот на ЕУ – Урсула фон дер Лајен од Европската комисија и Антонио Кошта од Европскиот совет.

ЕУ не само што е уморна од чекање, туку има и јасно дефинирани барања.

Немања Тодоровиќ Стиплија, главен уредник на порталот European Western Balkans, истакнува дека Европската комисија и Европскиот совет го сведоа напредокот на Србија на три клучни теста: подобрување на медиумската слобода, обезбедување слободни и фер избори и целосно усогласување на надворешната политика на Србија со онаа на ЕУ.

Дополнително, портпарол на Европската Комисијата потврди дека ова не е сѐ. Од Србија се бара да вложи повеќе напор и да направи компромиси за да го унапреди нормализирањето на односите со Косово и да се справи со дезинформации и странска манипулација со информации.

На крај, Брисел јасно бара стратешка гаранција од Белград:

„Србија треба да ги засили своите напори кон постабилно и повисоко усогласување и да нè увери во нејзината стратешка насока, вклучително и преку усогласување со рестриктивните мерки на ЕУ донесени поради агресивната војна на Русија против Украина.“

Вучиќ во Брисел нема да има лесна средба. Времето за зборови е завршено – сега на маса се бараат дела.

Остатокот од веста може да го прочитате на: Може ли Србија да покаже на ЕУ дека е сериозна за реформите? – DW – 10.12.2025

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг