Миркуловски позитивен на Ковид-19

Македонскиот репрезентативец, Филип Миркуловски е позитивен на коронавирус, соопшти неговиот клуб „Валцер“.

Миркулоски беше дел од репрезентацијата на Македонија во квалификациските натпревари против Данска за настап на ЕВРО 2022 година.

Веднаш по враќањето во клубот имал позитивен тест, па според протоколот е ставен во изолација.