Connect with us

Инфо +

Нема доволно кислород, треба некој да исклучиме, за да уклучиме друг

Владини функционери си шетаат и нормално ќе се шири болеста. Си заминуваат на одмори, како да нема пандемија, ќе си дојдат од таму ќе го донесат новиот вирус, ќе почне да се шири и во Македонија. Јас работам во Инфективна, Ковид 19, жално е, луѓето молат за кислород. Нема никаков кислород, луѓе умираат… на еден ќе треба да му го извадиме кислородот, за да му дадеме на друг. Нека си одат овие од власт ако не се способни, нека дојде некој што ќе ја води државата, вели гледачка која се јави во живо во емисијата „Збор по збор“ на Алфа ТВ.

Јас работам во Ковид Центар во Скопје. 525 пациенти имаме во моментов и сите се критично, на респиратори, додава таа во своето сведоштво.

https://youtu.be/z2dr8nJ2EGA

Advertisement

Свет

Американските воени сили нападнаа венецуелски танкер: Обвиненија за пиратство на Карибите

Отвореното море стана сцена на меѓународна драма откако американските сили извршија заплена на огромен танкер под санкции, што предизвика жестока дипломатска бура и најави за жалба пред меѓународните институции од страна на Венецуела.

Во акција која изгледаше како сценарио од холивудски блокбастер, американски воени хеликоптери со вооружени командоси се спуштија со јажиња на палубата на бродот, што беше потврдено со снимки објавени од американските служби. Десет маринци, десет припадници на Крајбрежната стража и специјални единици полетаа од воениот брод „Џералд Форд“ распореден во Карибите за да ја извршат мисијата.

Реакцијата од Каракас беше бурна. Министерот за внатрешни работи, Диосдадо Кабељо, не ја штедеше острината, нарекувајќи ги САД „убијци, крадци, пирати“.

„Џек Спероу таму е херој, но овие типови се вистински криминалци на отворено море,“ саркастично порача Кабељо, повикувајќи се на филмот „Пиратите од Карибите“.

Претседателот Николас Мадуро додаде: „Ова е меѓународно пиратство. Венецуела никогаш нема да стане нафтена колонија.“

Венецуелската влада соопшти дека ќе ја брани својата сувереност, природните ресурси и националното достоинство „со апсолутна решителност“.

Од друга страна, претседателот Доналд Трамп со доза на триумф ја потврди акцијата, истакнувајќи дека станува збор за „многу голем танкер, најголем досега“ запленет од САД.

На прашањето што ќе се случи со запленетата нафта, Трамп беше директен: „Мислам дека ќе ја задржиме.“

Јавната обвинителка Пем Бонди ја опиша операцијата како заедничка акција на ФБИ, Министерството за одбрана, Министерството за внатрешна безбедност и Крајбрежната стража, објаснувајќи дека бродот превезувал санкционирана нафта од Венецуела и Иран.

Компанијата „Вангард“ го идентификуваше бродот како „Скипер“, кој според нивните податоци, долго време ја лажирал својата позиција. Танкерот е под американски санкции уште од 2022 година поради наводна вмешаност во нелегален шверц на нафта за Хезболах и Исламската револуционерна гарда.

Локацијата на заплената не е откриена, но овој инцидент е прв од ваков вид за венецуелска нафта од воведувањето на санкциите против Каракас во 2019 година.

Continue Reading

Свет

Зеленски: Русија сега е зависна од Кина како никогаш порано

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, тврди дека Русија, во очајнички обид да ја одржи својата војна, прави невидени отстапки на Кина, вклучувајќи и делови од нејзиниот суверенитет.

По извештајот од шефот на киевската надворешна разузнавачка служба, Зеленски во вторникот објави дека Москва и Пекинг преземаат чекори за енормно интензивирање на соработката, вклучително и во воено-индустрискиот сектор.

„Ние забележуваме дека Кина презема чекори за интензивирање на соработката со Русија… Партнерските разузнавачки служби имаат слични информации“, напиша тој на платформата Икс.

Сепак, вистинскиот аларм беше активиран во неговото вечерно видео обраќање. Фокусирајќи се на состојбата на руската економија, Зеленски откри „растечка зависност на Русија од Кина“, која ја опиша како историски срамна.

„Во руската историја, никој никогаш не го предал суверенитетот на Кина или на која било друга посилна нација во таков степен“, жестоко порача претседателот.

Зеленски сугерира дека цената што Владимир Путин е подготвен да ја плати за да ја избегне капитулацијата во Украина е предавање на националното достоинство.

„Неверојатно е колку Путин плаќа само за да избегне завршување на оваа војна“, истакна тој.

Заклучувајќи ја својата порака со апел за акција, Зеленски ги повика меѓународните партнери да ја искористат својата моќ.

„Но, светот сè уште има доволно сила да ја заврши оваа војна, да ја принуди Русија да го стори тоа“, заклучи тој, ставајќи ја топката во дворот на меѓународната заедница.

Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський on X: “The 20 points for ending the war form a fundamental document. We are actively working on the key steps – they must be doable. From this fundamental document, we are developing at least two additional ones. The first is on security – regarding security guarantees with the United https://t.co/uQVG4myA6Z” / X

Continue Reading

Балкан

Полицијата во Софија уапси повеќе од 40 лица на протестот

Главниот град на Бугарија вчера беше сведок на вжештени тензии и масовни апсења за време на опозицискиот протест. Полициската управа во Софија денеска потврди дека повеќе од 40 лица се лишени од слобода.

Според извештаите на бугарските медиуми, најголемиот дел од приведените се од групите познати по нивната црна униформа и качулки, кои често се поврзуваат со провокации.

Иако протестот во голема мера помина без сериозни инциденти, во еден момент ситуацијата можеше да ескалира.

Лица со маски и качулки се обидоа да запалат контејнери за отпад, но брзата интервенција на полицијата ја смири напнатоста. Кај приведените биле пронајдени пиротехнички средства, спрејови и маски, што укажува на подготвеност за судир. Дел од уапсените биле и без лични документи, што го отежнува нивното брзо идентификување.

На контролните пунктови околу местото на одржување на протестот, полицијата открила и нешто што ја прави ситуацијата уште посомнителна: кај двајца од приведените биле пронајдени големи суми пари.

Полицијата соопшти дека истрагата продолжува, со цел да се расветли позадината на овие активности и дали има организиран обид за нарушување на јавниот ред и мир.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг